Најновиот истражувачки труд објавен во „Journal of gastroenterology and hepatology”, што доаѓа од кинескиот универзитет во Хонг Конг, Институт за дигестивна болест и Одделот за медицина и терапевтска технологија, не ни донесуваат толку добри вести.
Според новото истражување , SARS-CoV-2 може активно да го инфицира гастроинтестиналниот тракт при што таму продолжува да се реплицира и развива.
Пациентите заразени со новиот вирус САРС-КоВ-2 обично развиваат Корона-вирусна болест 2019 (COVID-19) и обично имаат треска и респираторни симптоми, сепак кај некои пациенти има и гастроинтестинални манифестации со дијареја, повраќање и болки во стомакот.
Повеќе други студии направени во Кина, идентификувале SARS-CoV-2 РНК во повеќе анални/ректални брисеви и примероци од столицата на пациенти со „COVID-19“ дури и по клиренсот на вирусот во горниот респираторен тракт.
Понатаму, откриено е присуство на вирусниот рецептор „angiotensin converting enzyme 2 (ACE2)“ и истиот е изразен во гастроинтестинални епителни клетки.
Сите овие наоди сугерираат дека SARS-CoV-2 може активно да инфицира и да се реплицира во гастроинтестиналниот тракт и дека овие информации имаат важни импликации врз новите стратегии за управување со болеста како и за развој на подобри протоколи за ширење и контрола на инфекцијата.
Појавување на дијареја и други гастроинтестинални манифестации се наоѓаат кај сите инфекции на коронавирус. Иако со пониска фреквенција, споредено со САРС и МЕРС, оваа манифестација кај „COVID-19“ е веројатно заради можниот тропизам на SARS-CoV-2 до гастроинтестиналниот тракт, тврдење засновано врз истражувачки трудови работени врз САРС и МЕРС.
SARS-CoV РНК може лесно да се открие во примероци од столица на пациенти со САРС, а со помош на електронската микроскопија на примероците од биопсија и обдукција на пациентите можело да се видат активни вирусни репликации и во тенкото и во дебелото црево. Оваа ентерична инфекција се јавува и кај MERS-CoV вирусот, бидејќи човечките цревни епителни клетки се многу подложни на корона вирусите и истите може да поддржат робусна репликација на вируси.
Тропизмот на САРС-КоВ-2 кон гастроинтестиналниот тракт, неговото рано детектирање во столицата и неговите придружни гастроинтестинални симптоми, имаат важни импликации како за нега на пациентот така и за контрола на инфекцијата.
Клиниките треба да бидат претпазливи за гастроинтестиналната симптоматологија на „COVID-19“, особено затоа што може да се појават пред почетокот на пирексијата и респираторните симптоми.
Овие нови сознанија би требало да доведат до разгледување на повеќе постоечки клинички политики и протоколи при што воведување на протокол за задолжително тестирање на ректален брис пред да се прогласат пациентите за комплетно излечени , најмногу поради тоа што други студии сугерираат дека вирусното пролевање од гастроинтестиналниот тракт може да биде обилно и може да трае многу подолго после резолуцијата на клиничките симптоми.
Можеме само да се молиме дека вирусната динамика на SARS-CoV-2 во гастроинтестиналниот тракт ќе се разликува малку од динамиката на SARS-CoV, каде што вирусната РНК сè уште може да се открие во столицата на САРС пациенти дури и после 30 дена
Ве молам споделете ја информацијата бидејќи од клучно значење е да се запознаат што повеќе луѓе како и нашите институции со цел да излезат со нови препораки и процедури