Ново упатство за третман на холестерол

 

Во ноември 2013 година, од страна на  „ACC/AHA“, беa објавени упатства за третирање на холестеролот во крвта во обид да се таргетираат индивидуите кои би имале најголема корист од намалување на холестеролот со терапија со статини. Тие препораки се базираа на нивото на лошиот холестерол во крвта. Новите насоки се фокусираат на индивидуите кои се со највисок ризик од срцев или мозочен удар, дури и кога нивото на холестерол кај тие индивидуи е во границите на нормала.


Покрај тоа што терапијата со статини се препорачува кај лица со кардиоваскуларни болести, дијабетес, или значително зголемено ниво на холестерол,таа исто така се препорачува и кај лица кои немаат вакви проблеми, но имаат зголемен ризик од срцев и мозочен удар во наредните десет години, според скалата за пресметан ризик. Оваа скала ги опфаќа возраста, полот, расата и ако пресметаниот ризик за период од 10 години е поголем од 7,5%.

Бидејќи возраста како ризик – фактор е доволна за постарите лица да ја преминат оваа граница од 7,5% дури и кога нивното ниво на холестерол е нормално, се проценува дека лицата на возраст помеѓу 66 и 75 години би требало да земат терапија со статини, за да го намалат ризикот од срцев или мозочен удар.Тоа важи за 100% од мажите на таа возраст.

Во упатството нема препораки за  лица постари од 75 години, дали треба или не треба да користат статини, иако најголем број од лицата постари од оваа возраст кои се опфатени со испитувањата веќе биле на терапија со статини.

Истражувачите нагласуваат дека ќе биде потребно дополнително истражување за да се утврди кои лица постари од 75 години треба да користат статини, како и ризиците и придобивките од употреба на статини кај повозрасните лица.


Поддржете ја нашата работа: