Истражувачите на НАСА имаат многу проблеми кои треба да ги решат доколку сакаат еден ден астронаутите да се сместат на Марс. Една од најголемите пречки е каде овие луѓе ќе спијат и живеат, па после предложените идеи, инженерите можеби конечно дојдоа до решение – концептуален дизајн на „леден дом“.
НАСА размислува за создавање на куполи на дување, покриени со мраз, за астронаутите да живеат и работат во нив, со што ќе им се обезбеди заштита од екстремните температури и високо-енергетското зрачење.
„По еден ден посветен на идентификување на потребите, целите и ограничувањата, брзо оценувавме и многу луди идеи, со што на крај се согласивме за сегашниот дизајн на „леден дом“ кој претставува добро инженерско решение“ – изјавува Кевин Випавец од Истражувачкиот центар Ленгли на НАСА во Вирџинија.
Па што всушност е „ледениот дом“? Името не асоцира на слика од игло, па оваа слика и не е толку далеку. Концептот на кој работат од НАСА, официјално наречен „леден дом“ е уред на надувување кој внатрешно изгледа како цевка, и кога целосно ќе се надува е покриен со дебел слој на заштите мраз. Тој изгледа вака:
„Дизајнот на овој дом има неколку предности кои го прават привлечен концепт. Тој е лесен и може лесно да се транспортира и распоредува со едноставни роботи, а потоа да се исполни со вода пред да пристигне екипажот“ – велат од тимот.
Тој вклучува и материјали извлечени од Марс, и бидејќи водата во „ледениот дом“ може потенцијално да се конвертира во ракетно гориво за „Mars Ascent Vehicle“, структурата сама се дуплира како резервоар за складирање кој може повторно да се наполни за следниот екипаж.
Главната цел на овој концепт на „леден дом“ е да се заштитат астронаутите од високо-енергетското зрачење, како што се космичките зраци кои можат да навлезат во атмосферата на Марс. Овие зраци може да ги оштетат клетките, зголемувајќи го ризикот за здравствени проблеми како што се рак и акутна радијациска болест.
Бидејќи мразот е богат со водород, тој делува како штит против овие зраци, со што е одличен во спречувањето на овие зраци да дојдат до астронаутите. Ова најдобро може да се види на сликата подолу, каде може да се види колку е дебел мразот на врвот на куполата, овозможувајќи ја потребната заштита.
„Материјалите кои ќе го сочинуваат „ледениот дом“ ќе треба да издржат многу години на употреба во суровата животна средина на Марс, вклучувајќи го и ултравиолетовото зрачење, радијацијата на наелектризираните честички, можеби и атомскиот кислород, перхлоратите, како и песочните бури“ – објаснува Шила Ен Тиболт, исто така, од Центарот за истражување Ленгли.
Со својата лесна рамка, лесна конструкција и способноста да користи водени материјали кои веќе ги има на планетата- ова може да е совршеното решение. „По неколку месеци патување и конечно пристигнување на Марс, да се види како ве чека спремен дом за да се вселите, би било прекрасно“ – додаваат од тимот.
На ова живеалиште, да се надува и да се покрие со мраз, би му биле потребни околу 400 дена како на Земјата. Сепак, многу е важно да се запамети дека овој „леден дом“ е се уште во својата концептуална фаза, но изгледа како ветувачко решение за сите различни видови на проблеми кои доаѓаат со живеењето на Марс.