Очите пред носот


Истражувачите сместиле група од 6 мачки во еден лавиринт при што тие требало да одберат по кој пат ќе одат врз основа на тоа дали ќе преферираат да ги користат очите, или носот. За таа цел, им биле покажани листови хартија кои имале различни визуелни и мирисни знаци. Едната комбинација водела до храна, другата не.

Откако мачките ги научиле правилата на играта и добивале награда за користењето на кое било од тие две сетила, истражувачите решиле да ги раздвојат знаците (визуелни наспроти мирисни) за да откријат дали мачките го користат носот или очите за да излезат од лавиринтот. Четири од шесте мачјки го претпочитале визуелниот знак, само една мачка мирисниот, а една не покажала никаква предност. Наодите се објавени во „Applied Animal Behaviour Science“.

Досега, научниците сметале сетилото за мирис е клучно за тоа како мачките го гледаат светот, исто како кучињата, но сега повторно ја разгледуваат таа тема. Ова истражување е важно и поради тоа што можеби ја истакнува индивидуална варијабилност, односно фактот дека различни мачки може да претпочитаат да користат различни сетила што претставува важен увид на потребите на поединецот, наместо на популацијата во целина.

Поддржете ја нашата работа: