Сепак, родителите со повеќе деца добро знаат дека родителството може да биде доста различно во зависност од личноста и однесувањето на детето. Некои деца имаат потешкотии со контролирањето на своите чувства, се налутат лесно, тешко се смируваат и тешко преминуваат од една на друга задача. Родителството кај овој тип на дете бара голема доза на трпение и сензитивноста е поголем предизвик во однос на пофлексибилните деца.
Затоа, иако сензитивното родителско однесување се поврзува со развојот на адаптацијата, би можеле да кажеме дека одредени карактеристики на детето влијат на родителската сензитивност.
Детските карактеристики го вклучуваат видливото однесување на децата и основните биолошки одговори на одредени ситуации. Кога се наоѓате во емоционална ситуација, телото реагира на биолошко ниво. На пример, срцето почнува да чука побрзо, зениците се шират и се фокусира вниманието.
Способноста за контролира и регулирање на овие биолошки процеси влијае на тоа како поединецот, всушност, се однесува. Биолошката контрола на возбудата кај децата е отскочна даска за формирање на социјални вештини.
Истражувањата покажуваат дека сензибилното родителско однесување придонесува за развојот на биолошката контрола кај малите деца. Она што е нејасно е дали врската помеѓу родителската сензибилност и биолошката контрола е двонасочна.
Со цел да најдат одговори на ова прашање, Пери, Maклер, Калкинс и Кин (2014) испитувале деца од 2,4 и 5 години со нивните мајки во лабораториски услови. Биолошката контрола на децата била измерена за време на фрустрирачка ситуација. Сензибилноста на мајките била мерена преку активности што ги прават секојдневно во домашни услови, како на пр. играње или чистење играчки.
Наодите се следни:
- Сензибилноста на мајката влијае на биолошката контрола на децата од предшколска возраст (2 и 4).
- Сензибилноста на мајката не влијае на биолошката контрола на децата од 5 годишна возраст.
- Биолошката контрола на децата од предшколска возраст е предикатор за подоцнежната сензибилност на мајката.
Овие наоди сугерираат дека сензибилноста на мајките е многу поважна во првите години од животот на детето и ја нагласува улогата што карактеристиките на децата, вклучувајќи ги и нивните биолошки карактеристики, ја играат во способноста на нивните родители за ефективно родителство.