Од езеро во пустина за само неколку стотици години

Истражувачите од Универзитетот во Лондон откриле како драматичните климатски промени во јужниот дел на Сахара довеле до пресушување на најголемото езеро на Земјата.

Истражувачите искористиле сателитски снимки за да го мапираат напуштениот брег околу античкото езеро Мега-Чад (денешно езеро Чад) и ги анализирале седиментите за да ја пресметаат неговата старост, која се протега во текот на последните 15 илјади години.

Пред 6 илјади години, Мега-Чад било најголемото слатководно езеро на Земјата, зафаќајќи површина од 360,000 km2. Денешното езеро Чад зафаќа само 355 km2 од таа површина.

Пресушувањето на Мега-Чад ни ја открива приказната за драматичните климатски промени во јужниот дел на Сахара, со брза промена од огромно езеро во пустински дини и прашина. Ова истражување ги потврдува претходните сугестии дека климатските промени се случиле мнагу брзо и јужниот дел од Сахара се исушил за само неколку стотици години.

Вдлабнатината Бодел е дел од езерото кој е целосно исушен. Се наоѓа во северниот дел на Чад и претставува најголемиот извор на атмосферска прашина која се разнесува преку Атлантикот се до Јужна Америка, каде што помага во одржувањето на плодноста на тропските дождовни шуми. Новото истражување покажува дека во овој предел постоело мало езеро до пред илјада години.

Истражувањето е објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt