Кога последен пат сте биле лути со некој близок? Зошто бевте лути? Често ја префрламе одговорноста за нашата сопствена лутина врз другиот. Можеби не ја нахранил мачката. Не се јавил во времето кога рекол дека ќе го стори тоа. Можеби го заборавил роденденот.
И покрај потенцијалната позитивна улога на лутината, (може да ги мотивира луѓето, да ги заштити или да им помогне да се изборат за себе), таа често се смета како токсична реакција на проблеми во односите, мака или непријатна динамика.
Навистина, во романтичните врски, луѓето кои се чувствуваат отфрлени, изневерени или повредени на кој било начин често реагираат со лутина (Бас, 1989).
Но, колку навистина лутината е реален одговор на конкретна ситуација?
Неодамнешните истражувања покажуваат дека лутината е потенцијално втемелена во нашата личност и тие корени влијаат на реакциите во одредена ситуација. Во својата анализа Нисенбаум и Лопез (2015) се насочуваат кон стиловите на врзување и нивното влијание на нашата и лутината на партнерите.
Стиловите на врзување ни кажуваат како лицата најчесто ги доживуваат односите. Уште во раното детство, социјалните интеракции помагаат да се воспостават модели на очекувања и верувања во односите со релациона доверба и сигурност. Некои луѓе – оние со сигурен стил на врзување, лесно им веруваат на другите, имаат сигурно чувство за сопствената самопочит и се чувствуваат безбедно во нивните односи. Други, пак, се категоризирани како несигурни во своите односи. Тие може да се чувствуваат вознемирени во блиски односи, се сомневаат во својата вредност и се плашат да не бидат напуштени. Третата опција е избегнувачки стил на врзување, како резултат на длабока недоверба во другите и длабока потреба за независност.
Ако некогаш сте се запрашале зошто вие (или вашиот партнер) реагирате со лутина на конкретен начин, кој меѓусебно не го разбирате, можеби стилот на врзување ги крие одговорите. Трудот на Нисенбаум и Лопез (2015) ги има следниве наоди:
-Лицата со повисоко ниво на анксиозност имаат тенденција да бидат поизразени во покажувањето на лутина (на пример викаат).
-Жените имаат со поголема веројатност да бараат поддршка од пријателите кога се лути, отколку мажите.
-Анксиозните мажи имаат поголема веројатност да споделат и да разговараат со пријателите кога се лути на партнерот, во споредба со мажите кои не се анксиозни.
-Лицата со избегнувачки стил на врзување имаат тенденција да ја потиснуваат лутината.
-Во споредба со сигурните, избегнувачките мажи реагираат со помалку разбирање за лутината на партнерот.
Што значи тоа? Лутината е сложен емоционален одговор и во романтичните врски таа не се јавува само врз основа на однесувањето на партнерот. Со други зборови, исто однесување (на пример, јавна непријатност) ќе резултира со реакција која зависи од личниот стил на личноста. Без разлика дали ќе реагираат со ладнa глава или агресивно, тоа во голема мера зависи од стилот, а не само од моменталното недоразбирање.