Од рак до вечен живот

Тим од истражувачи предводен од професорката Рама Коха откриле дека кога ќе се отстранат два фактори кои го контролираат развојот на ткивата, може да се избегне влијанието од стареењето.

Замислете го ткивото како зграда која постојано се реновира. Градители би биле „металопротеиназите“, кои постојано работаат на уривање и реконструкција на ткивото. Архитектите во овој случај, кои ги раководат и насочуваат градежниците се познати како „ткивни инхибитори на металопротеиназите“ – или „ТИМП“. Кога градежниците и архитектите не комуницираат добро, зградата може да се сруши. Кога се работи за ткиво, резултатот може да биде рак.

За да откријат каква е интеракцијата помеѓу металопротеиназите и ТИМП,  истражувачите одгледале глувци на кои им биле отстранети еден или повеќе од четирите различни типови од „ТИМП“. Истражувачите испитувале различни комбинации и откриле дека кога ќе се отстранат ТИМП1 и ТИМП3, ткивото од градите останува младо и кај стари глувци.

Во нормалните процеси на стареење, ткивата ја губат способноста да се развиваат и обновуваат толку брзо како во младоста, затоа што матичните клетки кои ги има во изобилие во младоста, се намалуваат со стареењето. Истражувачите откриле дека во отсуство на „архитектите“ ТИМП1 и ТИМП3, бројот на матични клетки се зголемува и ја задржува својата функција во текот на животниот век на овие глувци. И покрај големиот број на матични клетки, истражувачите откриле дека не постои зголемен ризик од појава на рак.

„Генерално се претпоставува дека присуството на голем број на матични клетки води до зголемен ризик од рак. Сепак, ние откривме дека кај овие глувци не постои зголемена предиспозиција за рак“ – вели Коха.

Следен чекор на ова истражување е да се открие зошто ова се случува. Истражувачите работат на тоа да откријат дали ремоделирањето на ткивото може да превенира развој на рак или да доведе до нов третман за пациентите.

Ткивото од градите спаѓа во најкомплексните ткива. „Тоа е едно од фундаменталните ткива кое постојано се реорганизира. Се развива во пубертетот и со возраста кај жените  поминува низ многу промени. Се појавуваат нови структури и се повлекуваат. Затоа ова претставува добар систем за истражување, за да се разбере одржувањето на ткивото и промените на епителните клетки, кои се основа за еден од најчестите типови на рак“- објаснува Коха.

Резултатите од истражувањето се објавени во „Nature Cell Biology“

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.