Обичната материја од која се состои сѐ што ни е познато, одговара само на 5% од универзумот. Околу половина од овој процент сѐ уште не може да се детектира. Нумеричките симулации овозможија да се предвиди дека остатокот од оваа обична материја би требало да се наоѓа во структурата на големите структури од „космичката мрежа“ на температури помеѓу 100 илјади и 10 милиони степени.
Тим од истражувачи од Универзитетот во Женева, Швајцарија, директно го проучувале овој феномен. Истражувањето покажало дека поголемиот дел од оваа материја кој недостасува се наоѓа во форма на многу врел гас врзан во интергалактички нишки.
ПредходнаСледно
11 Космичка мрежа
Галаксиите се формираат кога обичната материја ќе се распадне, а потоа ќе се олади. За да се сфати потеклото на овие формации многу е битно да се открие во каква форма и каде се наоѓа обичната материја што не ја забележуваме – уште позната и како „бариони што недостасуваат“. За таа цел, истражувачите направиле истражување на „Абел 2744“, масовно галактичкото јато со сложен распоред на темна и светла материја во центарот.
Истражувачите го набљудувале галактичкото јато со помош на вселенскиот телескоп „XMM“ кој може да детектира многу врел гас, благодарение на неговата чувствителност на Х-зраците.
Проучувањето на големите галаксии покажало дека дистрибуцијата на обичната материја во Универзумот не е хомогена. Под дејство на гравитацијата, материјата е концентрирана во филаментозните структури што ја формираат мрежата од јазли и врски, позната како „космичка мрежа“. Во регионите каде гравитационата сила е најголема се создаваат јазлите од таа мрежа, како што е „Абел 2744“. Овие јазли едни со други се поврзани преку нишки, во коишто истражувачите идентификувале присуство на гас, а со тоа и „барионите што недостасуваат“. Астрофизичарите го насочиле телескопот во насока на областите каде очекувале дека ќе најдат присуство на филаменти, а со тоа и присуство на врелите гасни структури со температура од 10 милиони степени. За прв пат тие успеале да ја измерат температурата и густината на овие објекти и откриле дека тие одговараат на претпоставките од нумеричките модели.
1. Космичка мрежа
22 Дали наскоро ќе се знае количината на обичната материја во Универзумот?
Ова истражување е значајна потврда за начинот на кој се формираат галаксиите во Универзумот.
„Сега мора да потврдиме дека ваквото откривање на барионите што недостасуваа во „Абел 2744“ ќе може да се примени на целиот Универзум. Ова ќе се состои од детално проучување на филаментозните региони и мерење на распоредот на нивната температура и различните атоми од кои се составени, за да може да се открие колку цврсти елементи се наоѓаат во Универзумот“- вели водачот на истражувањето Доминик Екерт. Всушност, ако научниците успеат да ги измерат атомите во овие филаменти, ќе можат да го проценат и бројот на тешките јадра што се формирани од ѕвездите уште од самиот почеток на Универзумот. За да може да се продлабочат овие истражувања, Европската вселенска агенција развива нов вселенски телескоп. Швајцарија и научниците од Универзитетот во Женева се вклучени во овој проект, а телескопот би требало да биде ставен во функција кон средината на 2016 година.
Истражувањето е објавено во списанието „Nature“.
2. Дали наскоро ќе се знае количината на обичната материја во ...
ПредходнаСледно