Во областа на Јужна Африка пронајдени се многу цртежи на ѕидовите кои ги направиле ловци. Научниците успеале да откријат што тие всушност претставуваат, но не успеале попрецизно да утврдат во кој период се направени.
Цртежите претставуваат се она што го виделе шаманите за време на своето патување во светот на духовите. Посакувале тоа да го види и обичниот човек. Бушманите верувале дека карпите претставуваат врска помеѓу земниот и духовниот свет. Тие им помагале во комуникацијата со духовите.
Со земање на примероци од бои, експертите со помош на најнови методи успеале да утврдат кој јаглен се наоѓа во пигментите и дошле до заклучок дека цртежите се стари повеќе од 5000 години. Тоа ги прави најстарите цртежи во јужниот дел на Африка.
Експертите користеле метод на забрзана масена спектрометрија која е слична на традиционалниот метод, но за спектрометријата научниците можеле да земат помалку фрагменти на цртежи, што во методата за датирање на јаглерод не е возможно.
Претходно експертите морале да земаат големи делови од цртежи бидејќи можело да дојде до разни оштетувања во текот на анализата. Додека боеле, уметниците користеле јаглен кој можеби бил многу постар од времето кога настанале сликите. Сите тие биле препреки во утврдувањето на староста на цртежите.
Цртежите се наоѓаат на 14 локации на подрачјето на Јужна Африка. Научниците земале примероци од боја со големина од 0.5мм2 од секоја локација. Со помош светлосна микроскопија и спектроскопија, ја откриле морфологијата и составот на елементите и молекулите. Дознале дека бушманите користеле јаглен, и откриле саѓи што им помогнало за датирање на цртежите.
Ова откритие ќе им помогне на научниците, подобро да ги разберат обичаите, културата и начинот на живот на старите племиња.