Паркот Јосемити во САД изобилува со природни чуда во текот на целата година, но во последните две недели од февруари, ако се погодат временските услови, може да се види неверојатна глетка – водопадот Хорстејл („Horsetail Falls“ или во превод Коњска опашка) се претвора во блескава река од лава – или барем така изгледа.
Овој феномен во реалноста всушност е оптичка илузија. Огнениот водопад може да се види отприлика 10 минути во денот и тоа во периодот околу зајдисонце. Секоја година оваа појава привлекува огромен број луѓе, а годинава, благодарение на обилните врнежи во Сиера Невада, водопадот изгледа особено импресивно.
Водопадот се спушта од планината Ел Капитан (El Capitan), а за да се создаде треба да има обилни врнежи од снег и дожд на планинскиот венец Сиера Невада.
Благодарение на бурната Ел Нињо сезона, 2016 беше богата и со снег и дожд, со метарски снежни наноси на почетокот на годинава. Со зголемувањето на температурите, водата од истопениот снег стига до Ел Каптан и како водопад каскадно се спушта кон долината.
Поради положбата на сонцето во последните две недели од февруари, светлината на вистински начин на зајдисонце паѓа на водоподот, за да ја создаде оваа извонредна илузија, што изгледа како водопад од вжештена лава.
Уживајте во прекрасните фотографии што го доловуваат овој феномен во целата негова убавина.
https://www.youtube.com/watch?v=Fwpmk0F4-bs