Огромен број желки пронајдени мртви во водите блиску Мексико

СПОДЕЛИ

Повеќе од 300 загинати пацифички маслинести желки (lepidochelys olivacea) се пронајдени во близина на брегот на Оахаса, Мексико.

Мексиканската влада ја истражува причината за изумирањето на желките. Постои можност, овие несреќни животни да се имаат заплеткано во изгубена рибарска мрежа.

Според Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), овие желки се сметаат за загрозени видови, иако се еден вид најобични морски желки.

Пацифичките маслинасти желки го добиле името по својата зеленкаста боја на кожа и оклоп. Голем број од овие желки доаѓаат на брегот од јуни до декември за да положат јајца. Во текот на сезоната на полагање јајца постои опасност овие желки да се заплеткаат во рибарска мрежа.

Овој вид е заштитен во САД и Мексико, и со закон е забрането нивно убивање од 1990 година.

Дискусија

Коментари