Научниците отсекогаш биле фасцинирани од глечерите. Самата помисла дека постојат блокови од замрзната вода со големина на цели градови, па и поголема, предизвикува чувство на восхит, но и на необичен страв.
Астронаутот Тим Пик фотографирал еден глечер од орбитата со димензии преку 13 километри. Но, тоа е само еден мал дел од мраз во споредба со болдерот кој ќе се одрони од источната страна на Антарктичкиот полуостров, пишува Би-Би-Си.
Процепот се проширил преку ледената покривка Larsen C и тенко, 5 км. долго парче пловечки мраз е се што го спречува 6600 квадратни километри големиот леден брег да отплови во Ванделовото море.
Научниците ја набљудувале сантата со помош на сателитот Cryosat. Поголемиот дел од сантата мраз е под вода, а сателитот на Европската вселенска агенција (EAS) има посебен радарски висинометар со чија помош може да пресмета колку точно е длабок подводниот дел на мразот.
Од орбитата Cryosat ја мери висината на мразот кој штрчи над водата, а потоа со помош на релативно едноставна пресметка доаѓа и до големината на скриениот дел под водата.
“Cryosat има две радарски антени со чија помош може да се направат нови модели на висината на ледениот брег”, вели Д-р. Ноел Гурменел од Универзитетот во Единбург.
Пресметано е дека просечната дебелина на мразот е 190 метри, но постојат места каде е дебел и до 210 метри. Тоа значи дека мразот кој е над морската површина, доаѓа до височина од 30 метри.
Д-р. Гурменел вели дека се проценува дека глечерот е составен од околу 1.155 кубни километри мраз. Станува збор за многу корисна информација бидејќи на научниците им кажува каде и колку брзо Ларсеновиот објект може да се движи откако ќе се ослободи.
На движењето на глечерот влијаат струите и ветровите, но мора да се обрати внимание на уште неколку фактори поради самата големина на глечерите. А еден од нив е влијанието на греавитацијата.
Поради масата на Антарктикот, површината на водата во близина на континентот е повисока отколку во средината на океанот, и тоа за пола метар. Larsen C едноставно ќе се лизне по падината, но тоа ќе се случи само во случај ако долниот дел не се заглави на дното на океанот.
Водите во близина на Антарктикот се плитки и постои шанса да се закопа мразот на дното. Податосите од Cryosat кажуваат каде мразот може да оди, а каде не.
Најверојатно глечерот ќе заврши во струјата која го опкружува Јужниот пол, а преку него во Атланскиот океан на југ. Сепак, за тоа ќе треба или повеќе години, или поригорозни климатски промени.