Огромна карпа од жад ископaна во Мјанмар

Рудари во Мјанмар откопале карпа од жад тешка 175 тони, за која се проценува дека вреди 170 милиони долари.

Како што известува „BBC“, зелената, речиси прозирна карпа, е висока 4,3 метри и 5,8 метри долга, а бил откриена во рудник во државата Кашин, во северниот дел на земјата.

Се проценува дека околу 70 отсто од најдобриот жад во светот доаѓа од Мјанмар (поранешна Бурма), со индустрија која сочинува околу половина од бруто домашниот производ на земјата.

Не е познато дали карпа со ваква големина е откриена порано, но ова спаѓа во истиот  ранг  со другите археолошки чуда – како што е вториот по големина дијамант што беше откриен минатата година и реткиот виолетов дијамант што неодамна беше ископан во Австралија.

Жад е термин кој се употребува за два вида слични, но структурно различни метаморфни карпи: жадеит и нефрит.

Жадеитот е позастапен во Мјанмар и веројатно тоа претставува и оваа карпа, иако точно ќе се знае откако ќе бидат завршени хемиските анализи.

Во необработена форма, како она што се гледа на сликата, живописната зелена боја на каменот тешко може да се забележи, па изгледа како обична карпа со едвај темно зелена нијанса.

Но откако ќе се обработи и исполира, тој ја добива стаклесто зелената боја, како на статута од Музејот на уметноста Хангтингтон во САД, прикажана на сликата подолу.

chinese_figure_of_lan_caihe_qing_dynasty_daoguang_period_1821-1850_jadeite_-_huntington_museum_of_art_-_dsc05256

Како и повеќето жад откриен во земјата, така и оваа карпа веројатно ќе биде испратена во Кина, за изработка на накит и скулптури.

За жал, индустријата со жад во Мјанмар ја следат многу контроверзи и поплаки за негрижа за животната средина.

Во истражувањето од страна на „Global Witness“ од 2015 година, се открива, меѓу другото дека индустријата со жад вредна 31 милијарда долари се користи за „црни фондови“ од страна на воените елити и дилерите на дрога во земјата, кои ги продаваат камењата веројатно за огромен профит кој остатокот земјата воопшто не го гледа.

„Индистријата со жад во Мјанмар е веројатно најголемиот грабеж на природни ресурси во модерната историја“- се вели во извештајот.

Како одговор на овој извештај, неодамна избраната влада – која е прва цивилна влада во земјата од 1962 година наваму, минатиот август објави пионерски реформи, со цел да им стави крај на злоупотребите, малверзациите и уништувањето на животната средина од страна на индустријата со жад.

Поради серијата смртоноски лизгања на земјиштето, владата веќе ја суспендира работата на повеќе од 2.000 рудници за жад во државата Кашин, додека не бидат завршени студиите за животната средина.     

Поддржете ја нашата работа: