Океаните на Марс

Меѓународен тим на научници користел инструменти на ЕСО и НАСА за следење на атмосферата на планетата и својствата на водата во различни делови на атмосферата на Марс, во период од 6 години. Овие нови мапи се први од ваков вид.

Резултатите се  објавени во онлајн изданието на списанието „Science“.

Пред околу четири милијарди години, младата планета имала услови за доволно вода за да се покрие целата нејзина површина во течен слој околу 140 метри длабоко, но повеќе е веројатно дека течноста формирала океан кој зафаќа скоро половина од северната хемисфера на Марс, а во некои региони достига длабочина поголема од 1,6 километри.

Студијата обезбедува солидна проценка на тоа колку вода имало некогаш на Марс и колку вода е изгубена во просторот. Со овие информации, можеме подобро да ја разбереме историјата на водата на Марс.

Новата проценка е врз основа на детални забелешки на две малку различни форми на вода во атмосферата на Марс. Една од нив е позната форма на вода, составена од  два атоми на водород и еден на кислород, H2O. Другата е HDO, или полу-тешка вода, природно настанат вид, во кој еден водороден атом се заменува со потешка форма, наречена деутериум.

Деутериумската форма е потешка од обичната вода, потешко се губи во вселената преку испарување. Значи, колку е поголема загубата на водата, толку е поголем односот на HDO во водата што останува. Тој однос помага да се процени колку вода всушност е загубена.

Тимот посебно се заинтересирал за регионите во близина на северниот и јужниот пол, бидејќи поларните ледени капи се најголеми познати резервоари на вода на планетата. Тамошната вода е сведок на еволуцијата на вода на Марс од влажниот период “Noachian“, кој заврши пред околу 3,7 милијарди години, до денес. Меѓутоа, со оглед на загубената количина, можно е да имало вода на Марс, многу порано отколку што првично се сметаше.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.