Океаните не можат да издржат повеќе

Ова се наведува во освртот на новата студија објавена неодамна во списанието „Science“ .Во студијата, истражувачкиот тим од иницијативата „Oкеан 2015“, врши проценка на најновите наоди за ризиците од климатските промени врз нашите океани и покажува како веројатно ќе се променат основните морски екосистеми, ако човештвото и понатаму продолжи со иста мера да продуцира стакленички гасови.

Уште од пред-индустриската ера, емисијата на јаглероден диоксид се зголемила од 278 на 400 ppm (делови на милион) –  зголемување за 40% што предизвикало огромни промени во океаните.

 

„Досега , океаните беа вистински фрижидер на планетата и место за складирање на јаглеродниот диоксидот. На пример, од 1970-тите, океаните апсорбирале околу 93% од дополнителната топлина произведена од ефектите на стакленичките гасови, со што во голема мера помогнале да се успори затоплувањето на нашата планета“- објаснува професорот Ханс –Ото Портнер, ко-автор на новата студија на „Oкеан 2015“.

Но, океаните платиле висока цена за тоа: до 700 метри длабочина, температурата на водата е покачена, што во последната деценија принудило некои видови да мигрираат и до 400 км поблиску до половите на Земјата. Со оглед на зголемената киселост во многу региони, на коралите и школките им е се потешко да ги формираат своите скелети од калциум карбонат. На Гренланд и на западниот Арктик, мразот се топи со алармантна стапка, што допринесува да се зголеми  морското ниво. Како резултат на овие фактори, се менуваат  биолошките, физичките и хемиските процеси што владеат во морските екосистеми – што ќе предизвика далекусежни последици како за морскиот живот, така и за луѓето.

Во својата студија, истражувачите од иницијативата „Oкеан 2015“, се осврнуваат на две сценарија, во врска со емисијата на гасови и ризикот за океаните. Сценарио 1 или т.н. Остварување на целта – 2 степени и Сценарио 2: Ако  се продолжи исто и понатаму.

„Ако успееме да го ограничиме порастот на температурата на воздухот на 2 степени Целзиусови, низ годините до 2100 година, ризиците, особено за коралите и школките од  ниските и средните географски широчини и натаму ќе бидат критични, но останатите ризици ќе бидат прилично умерени“- објаснува главниот автор Жан-Пјер Гатусо. Но за да се постигне оваа идеална опција, ќе биде потребо брзо и опсежно намалување на емисијата на јаглерод диоксид, додава тој.



Ако, наместо тоа, емисиите на јаглерод диоксид останат на сегашното ниво од 36 милијарди тони годишно (нивото од 2013 г.), ситуацијата драматично ќе ескалира. „Ако и понатаму продолжиме исто, до крајот на овој век промените ќе ги погодат речиси сите екосистеми во океаните и ќе предизвикаат непоправливи штети на морскиот живот“- тврди Портнер. Ова масовно ќе се одрази во сите области каде луѓето ги користат океаните – риболовот, туризмот, крајбрежната заштита.

Понатаму, истражувачите нагласуваат дека со секое натомошното зголемување на концентрациите на јаглерод диоксид во воздухот, можните опции за заштита, адаптација и регенерација на океаните, драстично се намалуваат.

Како што истакнуваат истражувачите во резимето на студијата „Окаеаните ни покажуваат несоборливи аргументи за потребата од брза редукција на емисиите на CO2, за да со време се повлече и  CO2 од атмосферата. Според тоа, секој нов глобален договор за климатските промени со кој што нема да се минимизираат влијанијата врз океаните, ќе биде непотполн“.

Иницијативата „Океан 2015“ започна со работа со цел да обезбеди сеопфатни информации за иднината на океаните, како материјал за учесниците – носители на одлуки на Меѓународната конференција за климатските промени „COP21“ што ќе се одржи во Париз во декември.

Работата на мегународниот тим на истражувачи е поддржана од фондацијата „Принц Алберт Втори од Монако“, од Инернационалниот координативен центар за ацидификација на океаните при Интернационалната агенција за атомска енергија, од фондацијата  БНП Парибас и асоцијацијата „Monegasque“ за океанска ацидификација.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.