Оловото во забите го покажува потеклото на човекот

Според истражувачите на Универзитетот во Флоридаова може да биде од голема помош при криминалните истраги, како и при археолошките истражувања , каде што се работи со стари или веќе распаднати лешеви.

Забите на младите луѓе апсорбираат остатоци од метал од околината, а бидејќи наслагите од олово се насекаде различни, со анализата на оловото од забите можно е да се одреди околината во која личноста растела вели Џорџ Каменов

Каменов соработува со полициските сили , помагајќи им со својата работа да го ограничат подрачјето на истрага. Со својата работа исто така помага во археолошките истражувања, да се определи на кој историски период припаѓаат пронајдените човечките остатоци.

Влијанието на оловото од горивата што се користеле помеѓу 1920 и 1980 год . исто така се рефлектира на забите, што помага да се ограничи староста на телото. Забите можат да ни покажат дали личноста во годините на својот развој живеела во САД, наспроти Европа, Јужна Америка, Австралија или во друг регион.

Покрај оловото, анализите на кислород во коските, кој се регенерира секои седум до десет години, може да ни прецизира каде личноста ја поминала последната декада. Други хемиски елементи во косата и ноктите ни откриваат на која локација престојувала личноста во претходните неколку месеци 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt