Омега 3 и 6 ги намалуваат симптомите на АДХД

Суплементите на масни киселини омега 3 и 6 можат да им помогнат на децата и адолесцентите кои имаат одреден вид на АДХД (синдром на дефицит на внимание и хиперактивност).Ова се резултатите на дисертација на Шанглерската академија на Универзитетот во Гетеборг, која исто така, укажува на тоа дека посебна когнитивна програма за обука може да го подобри однесувањето на децата со АДХД.

Помеѓу три до шест проценти од сите деца на училишна возраст се проценува дека имаат АДХД. Нарушувањето кое се карактеризира со потешкотии за контролирање на импулсите и темпераментот, неможност за седење или стоење во едно место и задржување на вниманието. Постојат различни видови на АДХД, односно степенот на  нарушување во вниманието, хиперактивноста и импулсивноста се различни.  Лековите често се ефикасни, но се случува да не делуваат кај сите случаеви.

Во ова истражување учествувале 75 деца и адолесценти со АДХД. Дадени им се масни киселини омега 3 и 6 или плацебо во период од 3 месеци, а во следните 3 месеци само омега 3 и 6 на сите испитаници. Ниту истражувачите ниту испитаниците не знаеле кое дете добива активни капсули, метод наречен „double blind“.

Во групата како целина,  не е забележано големо подобрување , но кај  35% од децата и адолесцентите кои имаат АДД, подтип на АДХД, симптомите се подобрени до тој степен, што може да се зборува за медицински релевантни подобрувања.

Анализата на крв покажала дека кај децата со подобрување има подобра рамнотежа на масните киселини во крвта.

Дисертацијата, исто така, укажува на нова когнитивна метода  наречена  „колаборативно решавање на проблеми“ (CPS), како дополнување на досегашните третмани. Со овој метод, децата и семејството добиваат помош во обуката за когнитивна способност и решавање на проблематични ситуации.  Во проектот се вклучени 17 деца, чии семејства добиле до десет недели  „CPS“ сесии. Семејствата биле прашани дали забележуваат подобрување во однесувањето. Половина од нив имале драстично подобрување.

Истражувачите веруваат дека масните киселини во комбинација со „CPS“, можат да ги подобрат симптомите дури и кај најтешките облици на АДХД.

Во Р.Македонија барем 5% од децата имаат синдром на невнимание/хиперактивност, проблеми во моторната координација и перцептивни тешкотии на почетокот од образованието. Секое одделение има барем едно хиперактивно дете.

Постои законска регулатива за практикување на медицина заснована на докази за постоење на АДХД.

За почеток, треба да се зголеми свеста за постоење на проблемот кај родителите и образовниот кадар. Често се случува децата со овој синдром да се етикетираат како незаинтересирани, агресивни и слично. Поради чувствителноста на проблемот и бројните симптоми, дијагностицирањето мора да биде внимателно и темелно. Раното откривање и рехабилитација се клучни за развојот на детето.


 

Поддржете ја нашата работа: