Со замената на силиконскиот дизајн со органски, или дизајн базиран на јаглерод, истражувачите биле во можност да создадат уред кој би бил тенок , евтин и доволно флексибилен за да се користи како лепенка додека трчате или се искачувате.
Новиот прототип е спореден со веќе постоечките оксиметри и сосема точно и прецизно го мери пулсот и кислородот.
Конвенционалните оксиметри кои го мерат пулсот обично користат диоди кои емитуваат светлина (LED диоди) за да испратат црвена и инфрацрвена светлина преку врвот на прстот или увото. Сензорите детектираат колку светлина поминува до другата страна. Светлата крв богата со кислород апсорбира повеќе инфрацрвена светлина, додека потемните нијанси на крв со помалку кислород апсорбираат повеќе црвена светлина. Односот на двете бранови должини открива колку кислород има во крвта.
За органските сензори научниците користеле црвена и зелена светлина, кои покажале значителни разлики, кога станува збор за разликувањето на високото и ниското ниво на кислород во крвта.
Истражувачите ги поставиле зелените и црвените органски диоди и проѕирните детектори на светлина на флексибилно парче пластика. Со откривање на шемата на свежата артериска крв, уредот може да го пресмета пулсот.
Така истражувачите покажале дека мерењата со различни бранови должини функционираат, иако користите неконвенционални полупроводници. Бидејќи органската електроника е флексибилна, лесно може да се приспособи на телото.
Компонентите на конвенционалните оксиметри се релативно скапи, па медицинските работници ќе ги дезинфицираат, ако тие се контаминираат. Спротивно на тоа, органската електроника е доволно евтина за еднократна употреба, како лепенка.
Наодите се објавени во весникот „Nature Communications“.