Осаменоста е поопасна и од дебелината

Социјалната изолација и осаменоста треба да почнеме да ги сфаќаме посериозно. Се повеќе луѓе во модерниот свет живеат осамен живот, а психолозите предупредуваат дека тоа го зголемува ризикот од предвремена смрт, дури и повеќе од проблемот со дебелината.

“Социјалното поврзување со други лица се смета за основна човечка потреба, клучна за благосостојба и опстанок”, вели Julianne Holt-Lunstad, психолог од Универзитетот Brigham Young. Таа ги претставила резултатите со две големи мета анализи за поврзаноста помеѓу осаменоста и предвремената смрт на 125тата Американска конвенција на психолози.

Доказите за ваквите заклучоци се собирани во текот на последните неколку децении. Во една мета-анализа од 2020та година, Holt-Lunstad и нејзините колеги детално разгледале 148 студии со вкупно 308.849 учесници.

Издвојувајќи информации за општествените односи, здравствената состојба, постоечките причини за смрт, тимот можел да одреди разлика помеѓу социјално изолирани лица и оние со со богати општествени односи. Вторите имале 50 отсто поголема веројатност за долг живот за разлика од првите.

Друга мета-анализа, која опфатила 70 студии од 1980та до 2014та година, научниците пронашле додатни податоци за тоа како степенот на смртност е придонесен од осаменоста, социјалната изолација и слично. Тие три фактори ја зголемиле веројатноста за смртност од околу 26-32 отсто. Овие бројки доаѓаат од повеќе од 3,4 милиони лица ширум Северна Америка, Европа, Азија, и Австралија.

Студиите покажале зголемен ризик од проблеми со менталното здравје и кардиоваскуларни болести помеѓу другото. Holt-Lunstad предупредува дека наведената епидемија се зголемува.

Holt-Lunstad предлага дека мора да се превзмат колективни акции во борба против осаменоста како закана за јавното здравје, од поттикнување на обуки за социјални вештини за деца во училиштата и додавање на општествена поврзаност како ставка во листата на медицински лекарски прегледи.

На индивидуално ниво, тоа значи активно да се фокусира нашето внимание на оние односи кои веќе ги имаме, објаснува Michelle Lim од Универзитетот Swinburne: “Најповолниот начин за справување со осаменоста е подобрувањето на квалитетот на нашите односи.”

Поддржете ја нашата работа: