Колку осаменоста e вистински опасна ?

Истражувањата од Универзитетот  Бригам Јанг покажуваат дека осаменоста (архива- 10 изненадувачки факти за осаменоста) и социјалната изолација се опасни за долговечноста, речиси подеднакво како кај луѓето кои имаат прекумерна тежина.

Споредбата со гојазноста (проблем на кој се посветува огромно медицинско внимание) е повеќе од доволна причина сериозно да ги сфатиме нашите општествени односи.

Осаменоста и социјалната изолација може да изгледаат многу различно. На пример, некој може да биде опкружен со многу луѓе, но се уште се чувствува сам.  Друго лице пак, може да се изолира, бидејќи сака да биде само. Ефектот врз долговечноста, сепак, е многу сличен и во двете сценарија.

Поврзаноста помеѓу осаменоста и ризикот за смртност кај помладите всушност е поголема отколку кај постарата популација. Иако постарите луѓе се со поголема веројатност да бидат осамени и се соочуваат со поголем ризик на смртност, осаменоста и социјална изолација се фактори за предвидување на прерана смрт кај лица помлади од 65 години.

Во моментов стапката на осаменост е највисока, не само за последниов век, туку и споредено со сите нивоа евидентирани некогаш на планетата. Доколку трендот на пораст продолжи, се предвидува можна епидемија на осаменост во иднина.

( ова се податоци пред појавата на COVID-19 )

Истражувањето опфаќа податоци од различни здравствени студии. Сé на сé, во примерокот се вклучени повеќе од 3 милиони учесници од студии кои вклучуваат податоци за осаменост, социјална изолација и лица кои живеат сами.

Контролирани се варијаблите: социо-економски статус, возраст, пол и здравствена состојба. Наодите велат дека недостатокот на социјални врски претставува дополнителен ризик, а постоењете на односи има позитивен ефект врз здравјето. Детали за истражувањето се објавени во „Perspectives on Psychological Science“.

Претходните истражувања на истиот тим, ризикот од смртност од осаменост го споредуваат со ризиците кои ги имате доколку пушите 15 цигари дневно или сте алкохоличар.

Во последното истражување, како што веќе споменавме, осаменоста ги надминува цигарите и алкохолот и е во иста категорија со дебелината.

Во суштина, во студијата се вели дека колку повеќе позитивна психологија имаме во нашиот свет, толку подобро функционираме физички и емотивно.

Постојат многу работи кои и „помагаат“ на осаменоста. Со еволуцијата на интернетот, луѓето може да остварат контакт на далечина кој порано не бил опција. Сепак, површноста на некои онлајн искуства може да го наруши емоционалниот контекст и длабочината на контактот. Премногу СМС пораки, на пример, се штетни за романтичната врска. Сепак, ова тврдење оди со забелешката дека понекогаш убавиот пишан збор е универзално корисен.

Поддржете ја нашата работа: