Осетот за мирис кај слоновите – подобар од кучињата

Нивната нова студија покажа дека слоновите имаат 2000 гени посветени на препознавање мириси, a toa e двојно повеќе олфакторни гени од кучињата, пет пати од човекот и многу повеќе од 11 други видови за кои се смета дека имаат изострен осет за мирис.

Истражувачите не можат да ја одредат причината за вака големиот број на олфакторни гени, но напоменуваат дека изостреното чувство за мирис е круцијално за опстанокот на животното, овозможувајќи му да намириса храна, грабливци или друга материја.

 „Функцијата на овие гени не е доволно позната,но се важни за животната средина на Африканскиот слон“, вели Јошихито Нимура, авторот на оваа студија објавена во „Genome Research“. 

 Понатамошните истражувања се во насока на продлабочување на разбирањето на чувството за мирис кај човекот, со споредување на генетските шеми кај Африканскиот слон и приматите.

 

Поддржете ја нашата работа: