Земјиното магнетно поле делува како огромен невидлив балон, кој ја штити планетата од опасното космичко зрачење исфрлено од Сонцето во форма на соларни ветрови. Полето постои бидејќи Земјата има огромна топка од железо на нејзиното јадро опкружена со надворешен слој од течен метал. Промените во температурата на јадрото и Земјината ротација го движат течниот метал во надворешното јадро, создавајќи линии во магнетното поле.
Движењето на течниот метал е причината зошто некои области на магнетното поле зајакнуваат, додека други слабеат.
Најголемите слаби точки во магнетното поле, кое се протега 370.000 милји (600.000 километри) над површината, се наоѓаат во западната хемисфера, додека пак полето е зајакнато над јужниот дел на Индискиот Океан.
Научниците кои ја спроведоа студијата се’ уште не се сигурни зошто магнетното поле слабее, но една веројатна причина може да биде тоа што магнетните полови на Земјата се подготвуваат за ротација. Всушност, податоците покажуваат дека северното магнетно поле се движи кон Сибир.
За ротацијата ќе бидат потребни неколку стотици, ако не и илјадници години. Ваквата појава се случила неколку пати во минатото. Претходно, магнетното поле слабеело за околу 5 % во еден век, но новите податоци откриваат слабеење од 5% во деценија, или 10 пати побрзо отколку што се мислеше. Новите податоци укажуваат дека целосната ротација, наместо да се случи еднаш во околу 2000 години, како што всушност било предвидено, може да се случи порано.
Причините за забрзаното слабеење на магнетното поле не се познати.
Сепак, не постои доказ дека ослабеното магнетно поле ќе резултира со кобни резултати за Земјата. Во текот на изминатите ротации на поларитетите немало масовно изумирање или доказ за оштетување од зрачењето. Истражувачите сметаат дека енергетските мрежи и комуникациски системи ќе бидат изложени на најголем ризик.