Некогаш полигони за нуклеарни тестирања, а денес полни со жив свет…необичните острови „Бикини“

Островот Бикини атол во Тихиот океан, каде Соединетите Американски Држави вршеле нуклеарни тестирања пред повеќе од 70 години и фрлиле 23 нуклеарни бомби, денеска претставува богат екосистем, преполн со растителен и животински свет.

Според извештите од научниците, на целото подрачје се развиваат корали големи колку „автомобили“, а околу нив кружат потполно здрави ајкули, туни, па дури и краби, кои се хранат со кокоси преполни со радиоактивен материјал.

Истражувањето е спроведено за потребите на документарецот „Big Pacific“, на мрежата „PBS“. Студијата била фокусирана на проверка на претходни извештаи дека кратер од хидрогенска бомба е населен со мутирани ајкули кои немаат горна грбна перка.

Стив Палумби, професор по маринска биологија на Универзитетот Стенфорд со својот тим го проучувале влијанието на радијацијата врз морскиот свет на Бикини атолот. Тој ја опишува флората и фауната на овој микронезиски остров, како „неверојатно отпорна“.

Палумби вели дека популациите од риби напредуваат бидејќи никој не ги вознемирува.„На чуден начин, тие се заштитени од историјата на ова место. Тоа е многу необично“, вели тој.

На коралите како воопшто да не им пречи високата радијација. Научниците сега се обидуваат да утврдат како овие колонии успеваат да опстанат – па дури и да напредуваат, преку секвенционирање на нивната ДНК.

Оваа студија би можела да има примена и во медицината.

„Ако дознаеме како коралите успеале да преживеат во кратери преполни со радијација, може да откриеме нешто ново за тоа како да ја заштитиме нашата ДНК од оштетувања“вели Палумби.

Иако природата доживува процут, областа сѐ уште е опасна за луѓето. Во извештајот од Обединетите нации стои дека „има речиси неповратна контаминација на животната средина“.

Луѓето од соседните острови  изложени на радијацијата  се во висок ризик од рак, ососбено леукемија и рк на тироидната жлезда.

Поддржете ја нашата работа: