8 индустрии кои роботите ќе ги променат

Развојот на роботите и вештачката интелигенција се очекува да направат трансформација во голем дел од индустријата, во следната деценија.

До 2025 година, роботите можеби ќе ги склопуваат автономните автомобили во фабриките, без човечки надзор. Роботите можеби ќе чистат во вашите домови, а финансискиот советник можеби ќе биде вашиот компјутер кој автоматски ќе инвестира за вас, а бидејќи најмалку 90 земји веќе оперираат со беспилотни летала, војните во иднина веројатно во голема мера ќе се водат со „дрон“ авиони.

Ова се само некои од интересните – но понекогаш и застрашувачки предвидувања од извештајот од 300 страници објавен од Мерил Линч во ноември, каде се проценува дека глобалниот пазар на роботите и вештачката интелигенција ќе порасне од 28 милијарди американски долари на над 150 милијарди долари за само пет години.

Најголеми промени веројатно ќе претрпат осум индустриски гранки во земјите кои моментално најмногу вложуваат во оваа област, а тоа се Кина, Јапонија, САД и Кореја.

Ова се предвидувања на Мерил Линч:

ПредходнаСледно

11 Автомобилска индустрија

Автомобилската индустрија ќе претрпи огромни измени, особено откако автономните автомобили и официјално ќе станат тренд. Во следните пет години, повеќето од новите автомобили ќе бидат попаметно „поврзани“ автомобили, а во 2025 година, 10% од нив ќе бидат потполно автономни. Иако првичната цена на овие автомобили ќе биде за околку 10.000 долари повисока од цената на обичните, таа неизбежно ќе паѓа откако ќе бидат прифатени од се’ повеќе луѓе и компании.

Некои компании, меѓу кои и Гугл и Тесла, моментално работат на автономните автомобили, а Јапонија веќе ги тестираше роботските такси возила, со надеж дека тие ќе ги превезуваат луѓето за време на Олимписките игри во 2020 година во Токио.

1. Автомобилска индустрија

22 Финансиски сектор

Најголемите промени во финансискиот сектор наверојатно ќе бидат предизвикани од „робо-советници“, кои ќе ги заменат професионалците за инвестирање. Во извештајот се проценува дека до 2020 година, би можело да бидат инвестирани до 2,2 трилиони долари преку комјутери со вештачка интелигенција кои можат практично да ги „учат“ пазарите. Индустријата веќе се преориентира во таа насока со високофреквентните тргувања, додека други компании им ветуваат на клиентите софистицирани алгоритми за автоматско менаџирање на нивните пари.

2. Финансиски сектор

33 Медицина

Болниците во иднина ќе имаат роботи кои ќе помагаат во сѐ, од критичните операции до пренесување на постарите и хендикепираните лица. Во 2000-та година имало само 1.000 роботи кои биле вклучени во асистенција при хируршки интервенции. Во 2014 година, тој број изнесувал 570.000 и ќе  продолжи да расте. Оваа технологија ќе го компензира и недостатокот од обучени медицински работници. Со сѐ повеќе старо население, Јапонија е водечка во светот со т.н. „care bots“ или роботи кои ќе им помагаат на постарите лица во извршување на основните работи.

3. Медицина

44 Индустриско производство

Само 10% од индустриското производство денеска во светот е автоматизирано. Се оцекува дека тоа ќе порасне на 45% во следните 10 години, како последица на поевтинувањето на роботите. Но, роботите стануват сѐ подобри. Додека за некои функции е потребна човечка рака, некои компании како кинеската „Фокскон“ инвестираат во роботи кои ќе можат да ги составуваат ситните делови на Ајфонот на Епл, на пример.

4. Индустриско производство

55 Земјоделство

Во земјоделството, исто така ќе се видат големи промени, кога автономните трактори, дронови и машини за молзење ќе се најдат на фармите. Фармерите во 2025 година сѐ повеќе ќе ги користат технологиите со вештачка интелигенција и анализата на огромен број податоци за да го оптимизираат производството на земјоделските култури.

5. Земјоделство

66 Услужни дејности

Услужните дејности исто така ќе се менуваат бидејќи машините ќе бидат во состојба да ги извршуваат работи што се лесни, опасни или повторувачки. Роботот Румба може да го усисува подот, но има роботи кои самостојно можат да ја коста тревата, да бришат прозори и да мијат садови. Тука се и роботите како „Pepper“ на Софтбенк кој беше претставен во 2015 година. Тие зборуваат и реагираат на човечката емоција. Многу повеќе вакви роботи ќе се појават во годините што следат.

6. Услужни дејности

77 Вештачка интелигенција

Во меѓувреме, индустријата за вештачка интелигенција е подготвена енормно да расте што ќе има и големо влијание на глобалната економија, како што компјутерите ќе стануваат сѐ поинтелигентни. Технологиите за вештачка интелигенција кои можат да прават предвидувања или да размислуваат многу слично како луѓето (па и подобро), може да претставуваат индустрија од 43 милијарди долари до 2024 година.

Но, вештачката интелигенција што ќе може вистински да го имитира човечкото размислување има 50% изгледи дека ќе се појави до 2040-50 година. Шансите тоа да се случи до 2075 година се до 90%.

7. Вештачка интелигенција

88 Негативни страни

Секако постојат и негативни страни поврзани со вештачкта интелигенција. Во извештајот се предвидува редуцирање на т.н. „knowledge work” во висина од 230 милиони работни места ширум светот, додека  други тврдат дека развојот на вештачката интелигенција ќе создаде „роботи убијци“. Во тоа тврдење има вистина – воздухопловната и одбранбената индустрија веќе располагаат со борбени машини за кои не е потребна човечка контрола, како дроновите кои автоматски летаат до својата цел, иако сѐ уште е потребен човек да ги активира. Во моментов 90 земји оперираат со дронови, од кои 30 со вооружување. Се очекува бројот на комерцијалните и воените дронови да се зголеми во текот на наредните пет години. Многу е веројатно дека ќе се развијат копнени автономни воени возила, слично како што е „мазгата“ на „Бостон Динамикс“ што е во сопственост на Гугл, што служи за пренос на тешки товари коишто војниците не можат да ги носат.

8. Негативни страни

99 Заклучок

Сосема е извесно дека роботите и вештачката интелигенција ќе ја трансформираат индустријата. Но тоа значи и ризик од губење на многу работни места. Според извештајот, 47% од работните места во САД  можат потенцијално да се автоматизираат.

Но тоа не мора нужно да претставува лоша работа. Кога роботите и компјутерите ќе преземат некои од човечките работи, луѓето веројатно ќе се преориентираат кон нови покреативни полиња.

Но, има и професии кои се чини дека не се загрозени од роботите. Како што вели футурологот Иан Пирсон: „Навистина не може да кажете дека не ви требаат учители, затоа што сѐ може да најдете и да прочитете на Гугл“.

Извор:Business Insider

9. Заклучок
ПредходнаСледно