Осум мистериозни цивилизации кои и денес се предмет на интерес на научниците

Низ историјата многу цивилизации доживеале пропаст, а во поголем број од случаевите причините за тоа се познати. На пример, познато е дека царството на Ацтеките го уништиле шпанските освојувачи, додека други не успеале да се прилагодат на климатските промени.

Но, има и такви чие исчезнување сѐ уште останува мистерија, па затоа и не зачудува што сѐ уште го привлекуваат вниманието на археолозите и историчарите.

Цивилизацијата на Маите

Цивилизацијата на Маите била една од најнапредните во предколумбовска Америка. Со своите големи градови, раскошни плоштади, палати, храмови-пирамиди, но и со извонредното познавање на астрономијата, математиката и физиката, го воодушевила и го променила светот.

Древните Маи врвот на својата моќ и влијание го достигнале во текот на т.н. класичен период (250-900 г.од новата ера), но на крајот на таа епоха почнале мистериозно да исчезнуваат. Имено, населението тогаш почнало да соборува кралеви, да ги напушта градовите и да престанат со технолошките иновации.

Постојат десетици теории за тоа што навистина се случило. Некои историчари, на пример, како поттик на општествениот колапс, посочуваат големи суши, кои се влошиле заради уништување на шумите, ерозијата на почвата, додека други ги обвинувааат епидемиите, селските буни против корумпираната  владеачка класа, честите војни, распадот на трговските патишта, или комбинација од сето тоа. Меѓутоа, и покрај тоа што нивната цивилизација се распаднала, јазикот и културата на Маите се одржале – се поценува дека седум милиони припадници на овој народ сѐ уште живеаат на и околу полустровот Јукатан.

Инки

Mohenđo Daro (Foto: Usman.pg / Wikimedia Commons)

Инките, односно цивилизацијата на Инките започнува да постои како мала група во регионот околу градот Куско, каде легендарниот Сапа Инка, Манко Капак го создал Кралството Куско во 1200 година. Во 1442 година Инките започнале да ги прошируваат границите на својата држава под водство на Сапа Инка Пачакути. Тој ја основал Царството на Инките или Тавантинсују (Tawantinsuyu), која прераснала во најголемо царство во Америка до периодот на европската колонизација.

Царството било поделено за време на граѓанската војна, кога веќе навлегле шпанските сили на тлото на Јужна Америка и тоа било период на политичка криза во Тавантинсују.  Во 1533 година, шпанскиот колонизатор Франциско Пизаро ја искористил оваа ситуација и освоил голем дел од територијата на Инките. Во наредните години, колонизаторите ја освоиле скоро целата територија. Царството било сосема уништена со основањето на Поткралството Перу во 1542. Подоцна следело ослободително движење на Инките кое завршило со неуспех во 1573 година. Денес, културата и традицијата на Инките ја продолжуваат Кечуанците и Ајмарите кои живеат во Перу, Боливија и Еквадор.

Анасази

Анасазите, претците на Пуебло народот, го населувале југозапдниот дел на денешните Соединети Американски Држави. Во тек на 12 и 13-тиот век изградиле спектакуларни населби во стрмните карпи на многубројните долини, но брзо потоа исчезнале без трага. Понајдени се траги од канибализам и масакри, како и докази за уништување на шумите (што допринело за суша и глад како последица од тоа), што укажува на природен колапс на цивилизацијата, но меѓу археолозите сѐ уште се водат остри дебати околу ова прашање.

Олмеци

Foto: Thinkstock

Олмеците ги населувале тропските низини во јужниот и централниот дел на Мексико. Тие биле претходници на сите подоцнежни мексички цивилизации, а познати се и по тоа што го создале првото писмо во Америка, развиле календар, граделе пирамиди и го измислиле пак-то-пак ( или пактопак) игра со топка на живот и смрт, бидејќи водачот на поразениот тим секогаш бил погубуван. Биле ненадминати во обработката на камен и направиле гигантски скулптури – глави, како и минијатурни скулптури од жад.

Исчезнале околу 400-та година п.н.е. Источниот дел од нивната земја бил опустошен, веројатно како последица вулканска ерупција, но постои и друга теорија според која се работело за инвазија, иако никој не знае кој би биле напаѓачите.

Набатејци

Набатејците – сојуз од номадски племиња во северозападна Арабија, најпознати се како градители на легендарниот град Петра врежан во карпа, чие најголемо богатство е градбата  „Kazneh“. Од четвртиот век п.н.е постигнале значајна економска и политичка моќ и за разлика од другите култури од тоа време не држеле робови. Биле познати по одличниот систем за наводнување кој денес се изучува на Универзитетот во Ерусалим.

Во текот на четвртиот век од новата ера ја напуштиле Петра, но никој со сигурност не знае зошто. Како една од најверојатните причини се наведува пад на заработката од трговијата, бидејќи главните трговски рути се преселиле  на север.

Микенска цивилизација

Foto: Thinkstock

Оваа цивилизација името го добила по локалитетот Микена, сместен на околу 90 километри југозападно од Атина. За нејзино откривање заслужен е Германецот Хајнрих Шлиман, кој целото свое богатство го вложил во археолошки истражувања. Во вториот милениум пред новата ера, важелa за еден од главните центри на грчката цивилизација.

Се протегала на два острови и на јужниот дел од копното на денешна Грција, а се ширела со освојување на градовите Пилос, Атина, Теба и Кносос.

Некогаш била доминантна поморска сила, а до 12-тиот век целосно пропаднала. Се претпоставува дека до тоа довеле немирите помеѓу селаните и владеечката класа, нарушувањето на трговските патишта или заради дорската инвазија на северот на Грција- која според некои историчари можеби воопшто и не се случила.

Кмерско царство

Foto: Thinkstock

Кмерското царство е создадено во 802 година од  кралството Чен-ла, на чие место денеска се наоѓа Камбоџа. Најпознато е по престолнината  градот Ангкор кој пропаднал во 1341 година. Падот на царството главно се припишува на инвазиите, на чумата и/или на политичката нестабилност.

Минојска цивилизација

Foto: Thinkstock

Ова античко општество, создадено на островот Крит постоело од 3.000 до 1.000-та година пред новата ера. Во грчката митологија Миној или Минос бил познатиот крал на Крит и по него оваа цивилизација го добила името.

Мнојците биле прва позната цивилизација во Европа, после која останале разрушни палати и артефакти пронајдени во нив.

Нивниот пишан јазик е линеарно-А писмо, кое подоцна било заменето со линеарно – Б, а двете се базирани на пиктограми. Експертите веруваат дека за крајот на оваа цивилизација придонела вулканска ерупција на островот Тера (сега Санторини), иако постојат докази дека преживеала. Но, дури и ако не ги „збришала“ жителите, ерупцијата веројатно го уништила растителниот и животинскиот свет, што резултирало со глад.

Поддржете ја нашата работа: