Откриен ембрион на двоглава ајкула

Научниците во Шпанија открија  многу редок ембрион на двоглава ајкула која расте во нивната лабораторија. Ова е првиот пат да се забележи оваа карактеристика во еден ембрион, досега имало извештаи за само 7 двоглави ајкули претходно, меѓутоа сите тие припаѓале на видови кои родиле живи животни.

Истражувачите сега се обидуваат да дознаат што повеќе, и се надеваат дека ова откритие ќе овозможи увид за тоа што всушност е причината што ја предизвикува оваа двоглава мутација.

Овој ембрион припаѓа на видот „Atlantic sawtail catshark“ и е собран од Атланскиот Океан од страна на истражувачите од Универзитетот во Малага, Шпанија, како дел од едно истражување за кардиоваскуларниот систем. Од вкупно 797-те ембриони кои биле собрани, само овој бил различен.

Секоја од главите има уста, две очи, мозок, „notochord“ (како ’рбетен мозок) и пет жабрени отвори на секоја страна. Телото, исто така, има две срца, два стомака и два црни дроба, но дели само едни црева, бубрези и репродуктивни органи.

shark-inpage-2016-10-19

Овој примерок е зачуван за истражувачите да можат да го проучуваат и понатаму. Оваа состојба многу ретко се среќава во природата, и не е јасно дали тоа е поради тоа што е навистина ретка, или овие суштества едноставно не преживуваат доволно долго за да бидат откриени. Во минатото, имало извештаи и за двоглави змии, мачки, како и луѓе.

„ Опстанокот по раѓањето е возможен, но најверојатно, ќе биде многу краток. Не е јасно дали и двете глави ќе учествуваат во пливањето и фаќањето на пленот, и дали заедничките внатрешни органи ќе функционираат соодветно“ – изјавува Мишел Хјупел, истражувач од Институтот за морска наука во Австралија.

Добрата вест е што оваа состојба е резултат на генетиката, а не на загадувањето. Истражувачите, исто така, истакнуваат дека немало агенси кои предизвикуваат дефект при раѓањето во резервоарите каде се развивал ембрионот.

Не е јасно дали причината за оваа двоглавост кај ајкулите се разликува кај оние кои ги родиле живи своите млади, и кај оние кај кои се уште се наоѓаат само во нивните јајца. Се надеваме дека ова истражување ќе ни овозможи повеќе одговори и ќе ни помогне да го разбереме овој редок феномен.

Поддржете ја нашата работа: