Откриен најстариот фосил на планетата

Најстариот фосил којшто е откриен досега датира од пред околу 3,7 милијарди години и е пронајден во Гренланд. Научниците сметаат дека овој фосил ги зачувал најраните знаци за живот на Земјата.

Фосилот содржи докази за строматолити – слоеви на седимент споени со бактериски колонии базирани на вода, кои можат да го вратат наназад потеклото на животот за 220 милиони години.

Пред откривањето на овој фосил, за најстар доказ за животот се сметаа 3,48 милијарди години старите фосилни строматолити кои биле откриени во регионот Пилбара во западна Австралија.

„Строматолитите покрај тоа што нудат јасни докази за античкиот живот, претставуваат и сложени екосистеми“, вели главниот истражувач Ален Натман од Универзитетот во Волонгонг во Австралија. „Тоа значи дека пред 3,7 милијарди години, бактерискиот живот веќе бил разновиден. Оваа разновидност покажува дека животот на Земјата се појавил во првите неколку стотици милиони години од постоењето на Земјата, што во согласност со пресметките на биолозите, ја покажува антиката на генетскиот код на животот“.

Доколку истражувачите потврдат дека овие фосили се навистина антички знаци за 3,7 милијарди години стари организми, тоа ќе претставува проблем за оние научници кои треба да ни објаснат како еволуцијата создала толку релативно сложени организми толку рано во животниот век на Земјата.

За овие организми на еволуираат во строматолити, животот на Земјата би требало да потекнува од Хадскиот период од историјата на нашата планета, кој траел од формирањето на Земјата пред 4,65 милијарди години до пред околу 4 милијарди години. Доказите сугерираат дека во тој период Земјата постојано била бомбардирана од деструктивни астероиди, па како тогаш би можел да се формира живот во тој хаос?

Научниците планираат да се вратат на местото каде што ги откриле овие фосили за да побараат знаци за живот околу него, и да продолжат со истражувања за да одговорат на ова прашање.

Истражувањето е објавено во „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: