Британски научници откриле фосил од бактерија за која се верува дека датира од пред 4,2 милијарди години.
Оваа минијатурна форма на живот, која е помала од дебелината на човечко влакно е откриена во карпи во областа Квебек во Канада, каде се наоѓаат едни од најстарите седиментни карпи во светот.
Пред ова откритие, што е објавено во списанието „Nature“, најстариот фосил што беше откриен датираше од пред 3,4 милијарди години, што ги наведе научниците на заклучок дека животот на Земјата настанал пред околу 3,7 милијарди години.
Но, со откритивањето на новиот фосил, кај научниците се наметнува заклучокот дека животот на нашата планета започнал пред 4,5 милијарди години – што значи само 100.000.000 години после нејзиното формирање.
Фосилот укажува дека бактеријата имала форма на извртено цевче, со разгранети филаменти.
Со оглед на нејзината старост, научниците сметаат дека бактеријата живеела во услови на исклучителна влажност и топлина, во океани чија вода во локалитетите околу термалните извори изнесувала околу 60 степени.
Откритието на овој фосил, според научниците е силен доказ дека слични суштества успеале да се развијат во тешките услови на други планети – првенствено на Марс, каде исто како и на Земјата пред 4,2 милијарди години имало океани.
Групата научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон, кои го откриле фосилот сметаат дека потрага по слични вакви остатоци на Марс ќе ги зголеми шансите за откривање на вонземен живот