Откриен нов вид на пајак во Индија

Новиот вид е наречен “Stenaelurillus albus“ поради белата област на предните пипци, кои всушност претставуваат копулаторен орган на машкиот пајак.

Новиот пајак, заедно со “ Stenaelurillus lesserti“, уште еден вид на пајак кој е опишан во студијата, се забележливи по присуството на сфагис, или „приклучоци“ за парење. Тие не се невообичаени во животинското царство и се присутни кај голем број на семејства на пајаци, вклучувајќи го и семејството “Salticidae“, или скокачки пајаци на кое припаѓа и овој вид.

Меѓутоа, интересно е да се напомене дека се забележани кај само 17 видови од приближно 5 800-те видови на скокачки пајаци опишани досега.

Со откривањето на овој пајак, родот “Stenaelurillus“ сега го претставуваат 28 видови, од кои поголемиот дел се од Африка (21), а остатокот од Азија, вклучувајќи ја Индија, Шри Ланка, Виетнам, Иран, Кина, Непал и Тибет.

Сите пајаци се со средна големина, со две попречни бели ленти на грбната страна. Друга забележлива карактеристика е присуството на влакна во регионот околу очите и кај машките и кај женските пајаци.

Студијата е објавена во “ZooKeys“.

Поддржете ја нашата работа: