Новиот вид на птеросаурус, првиот `рбетник кој можел да лета и стар повеќе од 200 милиони години, е откриен во САД, што сведочи за неверојатната разновидност на тие страшни суштества.
“Постојат малку фосили од птеросауруси. Тие се животни со деликатен систем на органи за движење, а истовремено можеле и да летаат. Нивните коски исчезнувале со текот на времето”, вели главниот автор на студијата Брукс Брит од Универзитетот Brigham Young, која е објавена во списанието Ecology & Evolution.
Птеросаурусите кои се појавиле пред околу 225 милиони години, владееле со небото повеќе од 160 милиони години, до крајот на креда периодот кога сосема исчезнале, како и нивните роднини диносаурусите.
За разлика од поголемиот дел фосили на птеросауруси, Caelestiventus hanseni е добро сочуван, а најдобро неговата коска на черепот, висока 18 см, со големата вилица и голем број на заби.
“Имаше вкупно околу 112 заби, а на предната вилица имаше остри заби како на куче”, вели Брит.
Овој таканаречен птеродактил, стар 210-201 милион години, е пронајден во Јута, на западот од САД. Ова откритие, потврдува дека птеросаурусите живееле на самиот почеток на развојот во многу области и можеле да се прилагодат на различни средини.
Таквата способност за прилагодување им помогнала да преживеат пред 200 милиони години кога исчезнале половина од видовите кои живееле во тоа време – се вели во студијата.