Откриен звукот на ѕвездите?

Анализирањето на течности во движење -познато како хидродинамика, се навраќа на Египќаните, така што и не зборуваме за ново откритие. Сепак, додека ја испитувал интеракцијата на ултра-интензивен ласер со плазма таргет, тимот забележал нешто неочекувано.

Имено, во трилионити дел од секунда по судирот со ласерот, плазмата течела брзо во областите со висока густина со стагнација во области со ниска густина, создавајќи нешто што би се споредило со сообраќаен метеж. Односите помеѓу регионите со висока и ниска густина, всушност создаваат пулсирачки притисок: звучен бран.

Интересно е што генерираниот звук е со толку висока фреквенција од која би побегнале дури и лилјаците! Со фреквенција од околу трилион херци, звукот  не само што бил неочекуван, туку и шест милиони пати повисок од оној кој може да се слушне од страна на било кој цицач!

Една од неколкуте локации во природата каде што ние веруваме дека овој ефект ќе се случи е на површината на ѕвездите. Кога ќе акумулираат нов материјал, ѕвездите би можеле да генерираат звук на многу сличен начин на овој кој го гледаме во лабораторија“ – велат научниците.

 Ѕвездите „пеат“, но, со оглед на тоа што звукот не може да пропагира низ вакуумот на просторот, никој не може да ги слушне.

Оваа техника за набљудување на звучните бранови во лабораторија функционира многу слично на полицискиот радар. Овозможува точно да се измери колку течност се движи во ситуација кога е погодена од ласер во помалку од 1/1000000000000 од секунда.

Иако е тешко да се утврди потеклото на звучните сигнали, новиот модел детектирал промени во брановите должини и е откриен сосема нов начин на генерирање на звук од течност. Слични ситуации може да се случат во плазмата која тече околу ѕвездите.

Истражувањето објавено во „Physical Review Letters“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt