Овие резултати ги зголемуваат шансите дека „Божјата честичка“ може да се набљудува и во евтини експерименти. За разлика од скапите суб-атомски постројки на ЦЕРН – кои чинат околу 10 милијарди долари да се изградат и да работат, ова откритие е постигнато при работа во обични лаборатории и по релативно ниска цена.
Техничките проблеми досега ја оневозможуваа директната опсервација на Хигсовиот бозон во суперспроводливата фаза. Во списанието “Nature Physics“ е опишана новата метода за спроведување на физичките експерименти за Хигсовиот бозон.
Со користење на неправилни и ултра тенки слоеви од ниобиум нитрит (NbN) и индиум оксид (InO) до критичната точка од суперпроводникот до изолаторот, научниците создале услови за возбудување на Хигсовата состојба при релативно ниски енергии.
Потребната енергија изнесува само илјадити дел од електрон волт, за разлика од гига електрон волти енергија потребна за акцелераторите.
Релативно стабилната природа на новооткриената Хигсова состојба во суперпроводниците им овозможува на научниците полесно да ја истражуваат контроверзната „Божја честичка“.
Питер Хигс и Франсоа Енглерт ја освоија Нобеловата награда за физика за откритието на Хигсовиот бозон во Големиот хадронски судирач на ЦЕРН во 2012 година. Ова откритие ја потврди теоријата за стандарден модел во физиката на елементарните честичките. Во 1964 година Хигс прв предложи постоење на невидливо поле – Хигсово поле- кое им ја обезбедува масата на честиците.
Една од главните мотивации за работата на Големиот хадронски судирач беше да најде докази за постоењето на Хигсовото поле. Кога забрзаните честички се судираат во вакво поле, полето се нарушува и се создава Хигсовата честичка. Но, тие честички се многу нестабилни и брзо се распаѓаат. Ова беше едно од најголемите откритија во последните 50 години.
За разлика од другите полиња, како електромагнетното и гравитационото поле кои се менуваат во просторот, Хигсовото поле има иста вредност насекаде во универзумот.
Хигсовата честичка е единствена и по тоа што е нова форма на материја со нула-спин.
Од 2012 година постојат многу сомнежи за природата на честичката откриена од ЦЕРН, бидејќи некои научници ја нарекуваат „techni-higgs“ честичка, составена од т.н. „techni-quarks“, и дека не е фундаментална честичка.