Откриена е „Ангелската честичка” која истовремено е и материја и антиматерија

Осумдесет години откако за прв пат е предложено нејзиното постоење научниците од Универзитетот Сенфорд ја откриле „Ангелската честика“ која истовремено постои како материја и антиматерија.

Во 1928 година, англискиот теоретски физичар Пол Дирак предложил дека секоја фундаментална честича има античестичка – идентичен близнак со различно полнење и дека доколку  овие честички се „сретнат“ ќе дојде до нивно меѓусебно понштување при што би се ослободило големо колчество на енергија.

Кратко време потоа, откриен е позитронот – античестичка на електронот и антиматеријата  брзо стана дел од популарната култура и научната теорија.

Материјата и антиматеријата денеска претставуаат оснава на теориите за Биг-Бенгот. Според научниците кога бил создаден Универзумот, од експлозијата се создале и еднакви количини на материја и антиматерија.

Но, во 1937 година, италијанскиот физичар Еторе Мајорана, предложил  нова, посмела теорија-   дека  честичките познати како фермиони  (во која спаѓаат протонот, неутронот, електронот, неутрино и кварк), би требало да имаат и свои античестички. Тие се познати како Мајорана фермиони.

Сега физичарите за прв пат откриле доказ за можно постоење на Мајорана фермион, кој го именувале како „Ангелска честичка“ (според романот „Ангели и демони“на Ден Брун, каде се опишуваа бомба што е комбинација од материја и антиматерија).

Видот на Мајорана фермион што го забележиле научниците  е познат како „хирален“ фермион – тој се движи по еднодимензионален пат во една насока.

„Ова откритие го означува крајот на едно од најнтензивните истражувања во фундаменталната физика, кое трае 80 години – истакнал професрот Сученг Џанг од Универзитетот  Стенфорд.

Во рамките на експериментот, научниците во вакуумска комора поставиле два тенки филма од два квантни материјали – суперпроводник и магнетски тополошки изолатор и низ нив спровеле електрична струја.

Суперпроводникот би поставен на горниот дел, додека на долната страна се наоѓал тополошкиот изолатор кој спроведува струја само на неговата површина или на рабовите, но не и во средината.

Спојувањето на двата материјали довело до создавање на суперспроводлив тополошки изолатор кој ги навел електроните да се движат на еден начин на едниот раб, а на спротивниот раб на друг начин. Потоа научниците примениле магнет преку материјалот, што прво предизвикало успорување на електроните, потоа нивно запирање и на крај до менување на нивната насока.

Во одреден момент во текот на овој проце се појавиле квази-честички кои во парови се издигале од суперпроводните слоеви и се движеле кон рабовите на тополошкиот материја, исто како и електроните.

Се смета дека постоењето на фермионите ќе доведе до  голем напредок во развојот на квантните комјутери, кои се неколкупати помоќни од тие што денес се користат.

Еден од проблемите што го лимитира нивниот развој е и тоа што тие мора да бидат изолирани од бучавата во околината.

Се смета дека еден кубит, или квантен бит на информации може да се складира во два одделни Мајорана фермиони, така што дури и  ако интерференцијата влијае на информацијата  во едниот фермион, другиот речиси со сигурност безбедно ќе ја задржи.

И други научници го прогласија истражувањето како голем чекор напред.

„Ова навистина се чини како чиста опсервација на нешто ново“вели  Френк Вилчек, теоретски физичар и добитник на Нобеловата награда, од Техничкиот институт во Масачусетс.

Наодите од истражувањето се објавени во списанието  „Science“.

 

Поддржете ја нашата работа: