Откриена мумија во будистичка статуа

За нестручно око мумијата изгледа како да се работи за Буда, меѓутоа недостасуваат повеќето карактеристики што уметниците ги користеле за да го претстават Гаутама Буда. Истражувачите веруваат дека телото во внатрешноста на статуата му припаѓа на будистичкиот учител Лиукван, практичар на Будистичката медитациска школа кој живеел околу 1 100 година од н.е.

Покрај скенирањето, д-р Рејналд Вермеијден, специјалист гастроентеролог од болницата, зел и примероци од материјалот од градната и стомачната празнина. На местото каде  некогаш биле органите, истражувачите откриле делови од хартија на која биле испишани  стари кинески знаци, кои допрва треба да се дешифрираат. Нејасно е каква е улогата на хартијата во процесот на мумификацијата.

Мумијата била испитувана откако била изложена во Музејот Дрентс, како дел од изложбата на мумии каде се прикажуваат сличностите и разликите во процесот на мумификација во светот. Во моментов е изложена во Унгарскиот Национален историски музеј. Ова не само што е првпат оваа мумија да ја напушти Кина, туку е и единствената кинеска Будистичка мумија што е достапна за научни истражувања на запад, тврдат од Центарот.

Постојат шпекулации дека Лиукван работел на процесите на само-мумификација, грозоморен процес каде монасите од одредени традиции се подготвуваат самите себеси да не се распаѓаат после смртта, преку комбинација на исхрана и употреба на отровни билки и течности за балсамирање. Тоа сепак останува допрва да се утврди.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.