Анализата и споредбата со спермата на современите црви и нивните родини открива дека клетките на фосилната сперма се слични на оние на една група на водни животни, односно црви слични на пијавици, наречени „Branchiobdellida“.
Интересно е тоа што овие животни денес се познати само за северната хемисфера. Ако оваа идентификација е точна, тоа значи дека тие имале многу поголем географски опсег тогаш, велат истражувачите од Шведскиот музеј на природна историја кои го предводеле истражувањето.
Клетките на спермата се микроскопски, долги само околу 60 микрометри и 250 нанометри, а многу од нив се и скршени на уште помали фрагменти. Ретко се наоѓаат во фосилизираните остатоци бидејќи живеат кратко и се многу кревки.
Истражувачите сметаат дека спермата на античката пијавица најверојатно била заробена откако кожурецот се стврднал. Кожурецот првично е како желатин и може да бидат потребни од неколку часа до неколку дена за да се стврдне. Откако ќе се стврдне, е неверојатно издржлив.
Истражувачите се надеваат дека овие откритија ќе ги поттикнат и другите истражувачи детално да ги анализираат ваквите мали фосили, бидејќи античката сперма може да не е толку ретка колку што палеонтолозите сметаат. Ова откритие дава можност за откривање на еволутивната историја на микроорганизмите, за кои досега има многу малку фосилни податоци.
Истражувачите ќе продолжат со истражување на други фосилни остатоци од Австралија и Шведска, за да видат дали и тие содржат заробени смперматозоиди или други микроорганизми.