Научниците ја откриле најстарата тетоважа на светот која покажува фигура од животно на рацете на две антички египетски мумии – се вели во извештајот на Британскиот музеј.
Машката мумија имала исцртана тетоважа на бик и берберска овца на надлактицата, додека женската мумија имала линеарни и закривени мотиви на надлактицата и рамото.
Тетоважите на дневна светлина наликувале на жолти флеки, но научниците од Британскиот музеј и факултетот за ориентирани науки при универзитетот во Оксфорд, откриваат дека станува збор за пронајдени тетоважи уште во 2017та со помош на инфрацрвена метода.



Експертите сметаат дека тетоважите претставуваат статус, авторитет и мудрост.
Телата се закопани во египетскиот Гебелеин, а мумифицирани се како последица на екстремните климатски услови.



Мумиите се пронајдени пред 100 години, а се претпоставува дека се стари 5.000 години.
Со новото откритие се претпоставува дека тетовирањето на подрачјето на Африка е присутно од пред 1.200 години.
Истражувањето е предводено од страна на Antoine и Renee Friedman од Универзитетот во Оксфорд, а резултатите се објавени на 1ви март во списанието Journal of Archaeological Science.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























