Прашањето дали има органска материја на Марс, неопходна за живот на оваа планета, веќе долго време се дебатира од страна на научната заедница. Од таа причина, роверот „Curiosity“ на НАСА, кој слетал на Марс во август 2012 година, правел истражувања на почвата на Марс. По загревање на почвата, биле идентификувани органски молекули, меѓу кои и хлорометанот, кој содржи атоми на јаглерод, водород и хлор.
Меѓутоа, според експертите на НАСА, ова соединение можно е да се формирало при загревањето на почвата како резултат на реакција помеѓу перхлоратите во почвата на Марс и некоја хемикалија во роверот. Па така, иако хлорот во хлорометанот доаѓа од Марс, јаглеродот и водородот може да биле донесени на Марс преку роверот. Интересно е тоа што ваква органска материја била пронајдена и во претходни експерименти во 1976 година, меѓутоа се сметало дека и тоа е резултат на контаминација од Земјата.
Гермаско-британскиот тим на научници, на чело со проф. Кеплер, истражувале дали има некакво друго објаснување за хлорометанот на Марс. Тие претпоставуваат дека тој навистина потекнува од Марс, а јаглеродот и водородот кои ги содржи најверојатно доаѓаат од метеоритите кои паднале на површината на планетата.
Овие претпоставки научниците ги потврдиле со мерење на изотопите при што реплицирале некои од експериментите на Марс и користеле примероци од метеорит стар 4,6 милијарда години, што паднал во Австралија во 1969 година. Тие ги загревале примероците од метеоритот и поради односот на атомите на јаглерод и водорот, заклучиле дека органската материја не потекнува од Земјата.
Експертите сметаат дека метеорити со сличен состав паѓаат на површината на Марс секоја година. Резултатите од истражувањето биле објавени во „Scientific Reports“.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |