Откриена река од стопено железо под Алјаска и Сибир

Река од стопено железо со брз тек е пронајдена во Алјаска и Сибир, околу 3.000 км под површината, и се чини дека се забрзува.

Овој голем струен тек кој се проценува дека е околу 420 км широк, и речиси жежок колку површината на Сонцето, тројно ја зголемил својата брзина за помалку од две децении, а сега се движи кон Европа.

„Повеќе знаеме за Сонцето отколку за јадрото на Земјата. Откривањето на овој тек е возбудлив чекор за да дознаеме нешто повеќе за внатрешната работа на нашата земја“ вели еден од тимот, Крис Финли од Техничкиот универзитет во Данска.

Финли и неговиот тим го забележале овој струен тек при анализирањето на податоците од триото на сателити на Европската вселенска агенција, наречени „Swarm“.

Лансирани во 2013 година за да ги измерат флуктуациите во магнетното поле на Земјата, овие сателити им овозможија на истражувачите да создадат еден вид на рендгенски зраци на внатрешната структура на Земјата, откривајќи огромни компоненти за кои не сме ни знаеле дека воопшто постојат.

„Овие сателити ги обезбедуваат нашите најостри рендгенски зраци од јадрото досега. Не само што го видовме овој струен тек јасно за прв пат, ние исто така знаеме зошто тој е таму“ – вели главниот истражувач Фил Ливермор од Универзитењтот во Лидс, Англија.

Земјиното магнетно поле се смета дека е создадено од страна на активноста која се случува длабоко во јадрото на планетата.

Самото јадро е цврста грутка, две третини од големината на Месечината и главно составена од железо. Со температура од 5.400 степени Целзиусови речиси е топло како површината на Сонцето, која достигнува до 5.505 степени Целзиусови.

Околу цврстото внатрешно јадро на Земјата се наоѓа надворешното јадро, 2.000 км дебел слој составен првенствено од течно железо и никел.

Разликите во температурата, притисокот, и составот на овој слој создаваат движења и вртлози во течниот метал, и заедно со вртењето на Земјата, тие произведуваат електрични струи, кои за возврат произведуваат магнетни полиња.

Кога истражувачите ги испитувале сателитските податоци од областа на надворешното јадро во северната хемисфера, тие откриле чудни „резени“ на магнетниот тек под Алјаска и Сибир.

Но, тие резени не биле заглавени во таа позиција,туку се движеле во насока на европскиот континент, и тимот вели дека тие се поттурнати од струен тек на стопено железо.

„Бидејќи нивните движења може да потекнуваат само од физичкото движење на стопеното железо, овие резени служат како маркери, овозможувајќи им на истражувачите да го следат протокот на железо“ изјавува Енди Коглан за „New Scientist“.

Тимот открил дека овој тек ја зголемил својата брзина од 2000 година, и сега ги турка резените под Алјаска и Сибир три пати побрзо од вообичаените брзини на надворешното јадро, а стотоци илјади побрзо од брзината на тектонските плочи на Земјата.

„Овој млаз од течност се движи околу 50 км годишно. Ова можеби не ви звучи многу на површината на Земјата, но сетете се дека ова е многу густ течен метал и потребно е огромно количество на енергија за да се придвижи, и ова е најверојатно најбрзото движење било каде во цврстата Земја“- изјавува Финли за „BBC News“.

Во оваа фаза, се’ уште не е јасно зошто овој тек се забрзува, но научниците се сомневаат дека тоа е природен дел од внатрешниот циклус на Земјата што се случува милијарди години.

Ако можеме да дознаеме каде се наоѓаме ние во циклусот во моментов, можеме да предвидиме како ќе се променува магнетното поле на Земјата со текот на времето, вклучувајќи и како може да се смени во вековите што следат.

Како што објаснува „New Scientist“ со оглед на тоа што магнетното поле на Земјата се чини дека слабее по стапка од околу 5 проценти на еден век, се очекува магнетното поле да се сврти обратно, односно магнетниот северен и јужен пол ќе ги сменат местата.

„Можни се понатамошни изненадувања. Магнетното поле се менува постојано, и ова дури може да го натера струјниот тек да го смени својот правец“, изјавува за медиумите менаџерот на „Swarm“ мисијата, Руни Флоберхаген.

Студијата е објавена во „Nature Geoscience“.

Поддржете ја нашата работа: