Истражувачите откриле два фосили од овошје во Јужна Америка, кои датираат од пред околу 52 милиони години.
Овие древни зрнца припаѓаат на фамилија на растенија во која спаѓаат и некои од најпопуларните видови денеска, како компирот, доматот и пиперките.
Раната историја на оваа фамилија растенија е исклучително малку позната, бидејќи до сега се откриени само неколку фосилни семиња.
Научниците велат дека оваа класа потекнува десетици милиони години порано од тоа што претходно се сметаше.
Фосилизираните овошки се од фамилијата зрнци (научно „Solanaceae“) во која спаѓаат и популарните видови како доматите, компирите, чили пиперките, бабурите и тутунот. Откриени се во Чубут, Патагонија во Аргентина.
Професорот Питер Вилф од Држвниот Универзитет во Пенсилвнија, кој го предводел истражувачкиот тим, за „BBC News“ вели: „Ова е единственото фосилно овошје што некогаш е пронајдено од целата оваа група на растенија, која денес има над 2.000 видови. Многу од еволутивната историја, особено на растенијата кои се ретки како фосили, во најголема мера е непозната“.
Овошјето е во блиско сродство и со таматило, или „Physalis“, што многу често се користи во мексиканската кујна. Тие имаат лушпи, слични на хартиен фенер кои растат околу плодот.
Досега се сметаше дека овие плодови еволуирале отприлика во исто време кога се подигнале Андите – приближно пред 25 милиони години.
Но се чини дека тоа се случило многу порано – кога регионот сѐ уште бил дел од Гондвана, бил многу потопол и многу поблиску до Антарктикот и Австралија.
Истражувачите веруваат дека во оваа област ќе откријат уште фосили од растенија.
Истражувањето е објавено во „Science“.