Откриени 8 нови егзопланети- 2 досега најслични на Земјата

Повеќето од овие планети имаат добри шанси да бидат карпести, исто како Земјата”, вели водечкиот автор Гилјермо Торес од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан  (CFA).

Двете најголеми планети слични на Земјата се „Кеплер-438b“ и „Кеплер-442b“. И двете орбитрираат околу  црвени џуџести ѕвезди кои се помали и поладни од Сонцето.  „Кеплер-438b“ ја заокружува својата ѕвезда на секои 35 дена, додека „Кеплер-442b“  на секои 112 дена.

Со дијаметар само 12% поголем од Земјата, „Кеплер-438b“ има 70 проценти шанси да биде карпестa, според пресметките на тимот. „Кеплер-442b“ е околу една третина поголема од Земјата, но се’ уште има 60 проценти шанси да има карпеста површина.

Да се биде во погодна зона значи дека егзопланетата мора да добие речиси иста количина на Сончева светлина, како Земјата. Премногу светлина ќе ја претвори водата во пареа, додека премалку ќе ја замрзне.

„Кеплер-438b“ добива околу 40% повеќе светлина од Земјата. (За споредба, Венера добива два пати повеќе Сончево зрачење од Земјата.) Како резултат на тоа, тимот пресметува има 70 проценти веројатност да биде во погодната зона на својата ѕвезда.

„Кеплер-442b“ добива околу две третини светлина како Земјата. Научниците се 97% сигурни дека се наоѓа во погодната зона во својата ѕвезда.

“Не знаеме со сигурност дали која било од планетите во нашиот примерок се навистина погодни за живеење, но веруваме дека се ветувачки кандидати”, објаснуваат астрономите. 

Претходно, двете планети кои биле најслични на Земјата биле „Кеплер-186f“, што е 1,1 пати поголема од Земјата и добива 32% светлина и „Кеплер-62f“, што е 1,4 пати поголема од Земјата и добива 41% светлина.

Сите планети се премногу мали за да може со мерење на нивната маса да се потврдат. Наместо тоа, тимот користел компјутерска програма наречена „BLENDER“ за да ја утврди статистичката веројатност дека навистина се работи за планети.
„Кеплер-438b“ се наоѓа на 470 светлосни години од Земјата, а уште поодалечената „Кеплер-442b“ е 1.100 светлосни години далеку.

Поддржете ја нашата работа: