Истражувачите од Универзитетот во Нотр Дам ги претставија овие наоди на 5-тата Конференција за корисни микроорганизми.
Растенијата се „домаќини“ на широк спектар на микроорганизми. Исто како и кај луѓето, растенијата се населени од микроорганизми кои го формираат нивниот екосистем.
Најголем број од бактериите се симбиотички?
Растението може да е населено и од патогени микроорганизми.Тоа можат да бидат вируси и бактерии кои го оштетуваат самото растение или да испуштаат отрови, како на пр. отровот „Shiga“ на „E. coli O104:H4“. Во 2011 година, Германија, Франција и Холандија се соочија со широко распростанета зараза предизвикана од „E.coli“. На крај било откриено дека заразата била предизвикана од контаминирани никулци, за кои се претпоставува дека се заразиле од дивите свињи во таа област. Заштитата од ваквите контаминации е многу тешка, со оглед на тоа дека повеќето растенија се одгледуваат на отворен простор, со мала можност за контрола.
Хипотезата врз која е базирано ова истражување е дека најдобрата одбрана против патогената контаминација е населувањето на здрави микроорганизми кои ќе обезбедат заштита од инвазивните патогени.
Истражувачите успеале да изолираат уникатна врста на „Bacillus pumilus“во замрзнат грав, што му обезбедува широка микробиолошка заштита на гравот. Тие најпрво го стерилизирале, а потоа го тестирале надворешниот дел од целото семе. Откако утврдиле дека е стерилно, земале примерок од внатрешноста на семето и го засадиле на бактериска подлога. Она што го откриле во културата бил нов вид на „Bacillus pumilus“ – уникатна, многу подвижна Грам-позитивна бактерија, способна да ја насели билката од грав без да предизвика никаква штета. Со сегментирање на геномот на „Bacillus pumilus“биле откриени три уникатни генски кластери за продукција на антибактериски пептидни компоненти, познати како бактериоцини.
Истражувачите веруваат дека ова откритие, од една страна, може да има огромен придонес за подобро да се запознаат растенијата, а од друга страна да се создадат антимикроби безбедни за храната. Сознанието дека семето на растението може да се пре-колонизира, може да има важен удел во воспоставувањето на одржлив механизам со кој ќе се искористат корисните својства на „добрите” микроорганизми од растенијата.