Откриени нови бизарни суштества во длабочините на океанот

Морските биолози од Универзитетот во Саутемптон откриле неколку нови видови на организми во хидротермалните отвори на 2,8 километри под површината на југозападниот дел на Индискиот Океан.

За фасцинантниот универзум на хидротермалните отвори, карактеристично е тоа што тие често се дом на организми кои не можат да се најдат на ниту едно друго место на планетата. Исто така, посебни се по тоа што енергијата не ја црпат од сонцето, туку со кршење на хемикалии, како водород сулфид.

Научниците, при истражувањето користеле беспилотна подморница (ROV). Морското дно кое го истражувале се нарекува „Longqi Vent Field“, што значи „змејовски здив”, а се наоѓа 2.000 километри југо-источно од Мадагаскар.

Областа е голема како фудбалски стадион и содржи многу места со депозити на сулфид и хидротермални отвори, каде температурата е над 300°C.

На овој досега неистражен терен, научниците наишле на дури 6 видови организми: рак со влакнести гради, наречен „Hoff“; два типа на полжави, израсток и видови на морски црви.
xedmr1qt6lxstqxas0pkcontent-1481897060-barniclcontent-1481897016-snais

Vent mussel (open shell) with commensal scale worm

Polychaete from Dragon vent field

Освен горенаведените видови и хидротермални отвори, оваа област е богата и со злато.

Освен тоа што претставува дом на ексцентрични и необични видови организми, во иднина може да стане и место за истражување на подземни суровини и минерали.

Главниот истражувач Д-р Коплеј, ја објасни сигурноста на неговиот тим дека пронајдените видови мора да ги има и на други места во Индискиот Океан, бидејќи тие од некаде таму мигрирале, само не знаат точно од каде.

„Важно е во блиска иднина да се испитаат хидротермалните отвори во океанот, со цел да се пронајдат уште нови видови на организми, пред рударската екстракција да дојде во фокус“, вели Коплеј.

Поддржете ја нашата работа: