Откриени нови фосили кои го поместуваат потеклото на човекот

Дејвид Беган од Универзитетот во Торонто, Канада, ги анализирал фосилите на мајмуните од родот „Dryopithecus“ кои живееле на територијата на денешна Европа пред околу 12,5 милиони години. Тој вели дека карактеристиките на черепот сугерираат дека „Dryopithecus“ не еволуирал пред големите мајмуни, туку дека и самиот бил голем мајмун, односно еден од првите горила.

Се смета дека едни од најраните мајмуни кои се разделиле од човечкиот род се орангутаните, потоа „Dryopithecus“, па горилата, па шимпанзата. Но, ако „Dryopithecus“ е всушност горила, тоа ги доближува видовите до шимпанзата, односно до човекот – и значи дека „Dryopithecus“ се разделил од човекот пред 14 милиони години, а шимпанзата пред 10 милиони години. Тоа е повеќе од 2 милиони години порано од претходните проценки засновани на фосилни остатоци, но всушност поблиску до сегашните проценки засновани на генетска анализа.

Овие податоци ќе бидат презентирани на годишниот состанок на Здружението за палеонтологија на ’рбетници во Далас, Тексас, кој ќе се одржи при крајот на месецот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt