Откриени седум нови видови на мали отровни жаби во Бразил

Секој вид е едемичен, со ограничено живеалиште на еден или на неколку планински врвови, кои се одвоени со долини при што врвовите се како изолирани острови. Ова што ги прави жабите мошне подложни на истребување, особено како резултат на климатските промени.

Овие жаби се едни од најмалите копнени ‘рбетници во светот, достигнувајќи големина до 1 см, што доведува до различни промени во структурата на нивното тело, како на пр. помал број на прсти на рацете и нозете. Многу од нив имаат шарена отровна кожа која содржи моќен невротоксин, познат како тетродотоксин.

Првиот вид на „Brachycephalus“ бил опишан во 1842 година, но повеќето видови се откриени во последната деценија, главно поради нивното тешко пристапно живеалиште.

Главна загриженост на научниците за овие нови видови е тоа дека истите фактори кои довеле до нивниот ендемизам, може да доведат и до нивно истребување. Шумите на високите планински предели се многу чувствителни на климатските промени, па можеби ќе треба да се преземат мерки за нивна заштита, како и заштита на нивните живеалишта.

Истражувањето е објавено во „PeerJ“.

Поддржете ја нашата работа: