На дното на Тихиот океан откриен е досега најголем природен резервоар на метан кој во блиска иднина би можел да се ослободи во атмосферата. Метанот спаѓа во стакленичките гасови кој предизвикува затоплување на планетите 28-36 пати побрзо од јаглеродниот диоксид, па затоа ова откитие предизвика загриженост кај климатолозите.
Научниците од Универзитетот Квин Мери во Лондон, потврдиле дека подводниот резервоат од метан се протега од западниот брег на Гватемала, па сѐ до плажите на Хаваи, што претставува оддалеченост од околу 8.000 километри.
Според истражувањето што е објавено во списанието „International Society for Microbial Ecology“, се работи за најголеми депозити од метан што досега се откиени во светот.
Подводните наоѓалишта од метан се создаваат во долг временски период. Некои видови бактерии ги разложуваат органските материи во околината која е сиромашна со кислород, а метанот се создава како нуспроизвод. Со време насобраниот метан се „смрзнува“ во форма на цврсти соединенија наречени метански клатрати.
Меѓутоа, клатратите се многу нестабилни-кога морската вода околу нив станува потопла, или кога ќе и се зголеми киселоста, метанот истекува од депозитите. Кога ќе станат многу нестабилни доаѓа до насилни експлозии.
Недалеку од брегот на Норвешка се наоѓаат кратери кои се доказ за деструктивната моќ на подводните експлозии на депозитите од метан. Освен што се смртоносни за луѓето и животните што ќе се најдат во нивна близина, експлозиите го претвоараат оголемиот дел од метанот во јаглероден диоксид, кој подого се задржуава во атмосфрата и кој исто така придонесува за глобалното затоплување.
Последниот пат во геолошката историја на Земјата кога дошло да масовно испуштање на метан во атмосфрата, температурата се подигнала за околу 5 до 8 степени за 20.000 години.Иако температурата денеска расте многу побрзо заради човечките активности, ново испуштање на метан уште повеќе би ги вошило работите – а колку станува потопло се зголемуваат и шансите да дојде до таква катастрофа, пишува порталот „iflscience.com“.