Американските научници сакале да дознаат како во иднина може да се направи раните на телото побрзо да заздравуваат, а за таа цел морале да повредат повеќе испитаници за време на истражувањето. Станува збор за рани од 3 милиметри.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Science Translational Medicine.
Имено, во текот на лекувањео, 30 лица имале рани на надворешниот дел од устата, на самата кожа, и во внатрешниот дел на усната шуплина. Научниците дознале дека главна причина за заздравување на раните во внатрешноста на усната шуплина се експресии на гени кои се содржани во клетките на самата усна шуплина.
Потврдата за своите претпоставки, научниците ја добиле откако истото тестирање го спровеле и на луѓе и на лабораториски глувци.
Ова откритие би можело да се користи за намножување на молекуларните примероци на надворешниот дел од кожата, со што се забрзува процесот на зараснување и така намалувајќи ја можноста за појава на рани.
Според податоците од државниот центар за биотехнолошки информации, додатен фактор кој допринесува за побрзо заздравување на оралните рани е исто така присутноста на плунка што создава влажна средина и го подобрува третманот при воспалителни процеси.
Експресијата на гени е процес со кој се носат информации кои ќе се користат за генетска синтеза на функционален генетски производ. Обично тој производ е функционална белковина или пак непротеински кодирани гени, како што се некои видови на рибонуклеинска киселина.