Откритие за хелиумот што ќе ги смени учебниците по хемија

 

За елементот хелиум до сега важеше дека претставува инертен гас, чии атоми не стапуваат во интеракција со другите атоми за да  содаваат соединенија. Меѓутоа, едно ново истражување укажува дека е можно кај хелиумот да се предизвикаат одредени реакции.

Меѓународен тим од научници, предводени од Универзитетот во Јута, тврдат дека создале стабилно соединение на база на хелиум, составено од хелиум и натриум. Ова откритие не само што  е во целосна спротивност на некои  од основни претпоставки во хемијата, туку на научниците ќе им помогне подобро да  разберат како делуваат атомите во јадата на гасните џинови како Јупитер и Сатурн.

„Хемиските промени кои се случуват под дејство на висок питисок, можат да се постигнат во внатрешноста на Земјата и на други планети како Стурн“вели Иван Попов, еден од истражувачите од Универзитетот во Јута.

За ова откритие, што беше објавено во списанието „Nature Chemistry“, Попов вели дека ќе ги измени учебниците по хемија.

Благородните гасови хелиум, неон, аргон, криптон, ксенон и радон, одамна се сметаат за потполно инертни, Иако ксенон и аргон можат да се врзат со магнезиум под висок притисок, ова е прв пат научниците да направат стабилно соединение на база на хелиум.

„Тоа не е вистинска хемиска врска, во смисла на  јонска и ковалентна за кои се учи по хемија. Сепак, структурата е стабилна“– објаснува Попов

Ова е возможно само под питисок над 113 гигапаскали, што знчи дека такво соединение не би можело да постои во природа на Земјата, туку само во необични услови како што се јадрата на гасовитите планети Јупитер и Сатурн.

 

Поддржете ја нашата работа: