Ова е најстарото животно на светот

Во последните десетина години, зоолозите полемизираат околу тоа дали морските сунѓери или медузата се најстарите животни на светот, а американските научници, применувајќи нови методи заклучиле дека честа да се биде најстаро животно им припаѓа на медузите.

Тимот од еволутивни биолози од Универзитетот Вандербилт и Висконсин – Медисон развил нов пристап со цел решавање на таквата полемика со што одлучиле дека медузата е најстарото животно на светот.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature Ecology & Evolution.

Речиси еден век животинското стебло е организирано врз основа на научните сознанија за комплексноста на различните организми и поради едноставноста на нивното тело, се верувало дека сунѓерот е најстар. Но, откритието на ДНК ја смени перцепцијата на еволутивните биолози и затоа тие почнале да го применуваат тоа знаење со цел да ги одредат односите во еволуцијата и создале подрачје на филогенеза.

Во повеќето случаеви проучувањето на ДНК помогнало при разјаснување на тие односи. Во 2008 година. едно од првите филогениски истражувања, покажа дека медузата е најстарото животно на светот.

Сегашните методи наложуваат да се собере огромна количина на генетски податоци кои се анализираат, и врз основа на заклучоците се воспоставуваат односи, вели Проф. Антонис Рокас од Вандербилт, кој учествувал во развојот на новиот научен пристап.

Тековните методи доведоа до јасни заклучоци во најголем број од случаевите, а Рокас и неговиот тим се фокусирале на случаевите чии резултати биле контрадикторни, од кои 7 се однесувале на животни, 5 на растенија и 6 на печурки. Тимот сакал да ја утврди причината за контрадикторност и затоа споредиле поединечни гени од ривалот на животинското филогенетско стебло со гени од негови сродници, при што утврдиле дека медузите порано се издвоиле од сунѓерите.

 

Поддржете ја нашата работа: