Ова се местата каде што дува најсилен ветар

На некои места на Земјата толку многу дува и е студено, што е невозможно да се измери брзината на ветрот.

Секој од нас барем еднаш се има затекнато на некое место за време на најсилна бура која носи се пред себе, но колку и да била силна, сигурно е многу мала во споредба со оние на местата каде дува навистина силен ветар. Малку од местата би можеле да ја понесат титулата најветровити места на светот, но тоа зависи како се мери ветрот.

Еве неколку такви места:

Островот Barrow

Сместен на северозападниот брег на Австралија, овој мал остров доживува многу силни налети на ветар.

Неименувана метеоролошка станица измерила налет на ветар кој дува со брзина од 408 км/ч, на 10ти април 1996та година. Според податоците на Светската метеоролошка организација (СМО), тоа е најсилниот налет на ветар кој некогаш е забележан.

Истиот бил спроведен од тропскиот циклон по име Оливија. Станува збор за ротирачки бури кои се формираат кога е топло, а влажниот воздух се издига над морето, создавајќи област со низок притисок. Ваквите системи можат да произведат интензивни урагани, а најсилните се нарекуваат циклони. Доколку настанале над јужниот дел на Тихиот Океан пак, се нарекуваат тајфуни, а ако настанале на север или над Атлантикот – урагани.

Циклонот Оливија можеби го создал најсилниот удар на ветар, но тоа не значи дека тој е најсилниот познат циклон. Според СМО, победник е тајфунот Ненси, кој во 1961ва година се формирал над Тихиот Океан и е одговорен за повеќе од 170 смртни случаеви, откако ја погоди Јапонија.

Ненси, наводно достигна брзина од 346 км/ч. а денешните метеоролози се сомневаат дека податокот е преценет.

Oklahoma

Торнадо е ротирачка колона на воздухот, која се протега од центарот на бурата кон земјата. Кога ваквата колона се комбинира со вода се нарекува воден млаз.

Торнадата се најсилни од сите атмосферски бури, велат од Националната лабораторија за бури во Оклахома.

Иако можат да се случат во целиот свет, САД ги има најмногу, посебно во југоисточните држави, познати под името Алеата на торнадата. На 27ми април 2011 година се формираа дури 207 торнада за само 24 часа.

Оклахома е рекордер во СМО, по најголемата брзина на ветер од торнадата: Во близина на Bridge Creek, на 3ти мај 1999 година, измерено е торнадо со брзина од 486 км/ч.

Јужен Океан

Постојат огромни ветровити појаси предизвикани од нееднаквото сончево загревање на површината на земјата. На 30 степени северно и јужно од екваторот, постојано дува ветар. На 40 степени преовладуваат западните, а поларно источните ветрови почнуваат на околу 60 степени.

Ако запрашате било кој морепловец, тој брзо ќе ви одговори дека најветровитото море е она кое предизвикува најсилни ветрови во Јужниот Океан.

Овие неславни географски широчини се означуваат како лути и извикувачки. За разлика од северната хемисфера, западните ветрови во Јужниот Океан не прекинуваат континенти, што значи дека можат да постигнат прзина од повеќе од 160 км/ч.

Антарктик

Антарктикот е дом на невообичаени ветрови предизвикани од движење на воздухот, кој се движи кон долу а се зодава со комбинирање на студена клима и формата на континентите.

“Упорното ладење на површината, посебно во текот на зимите, кога сонцето е секогаш под или само малку над хоризонтот, доведува до создавање на плиток слој на студен и густ воздух над површината”, вели Џон Кинг од истражувачкиот тим на Антарктикот од Кембриџ, Велика Британија.

“Антарктикот е во форма на купола, и воздухот тече од внатрешноста на брегот”, вели Кинг. Поради ротацијата на земјата значи дека нема да тече директно надолу, туку ќе врти на лево.

Од февруари 1912та до декември 1913та година, истражувачите ја мереле брзината на ветрот од Cape Dension, планинска точка во Комонвелт на источниот дел на Антарктикот, што денес е препознако како најветровита станица на светот на морското ниво.

Најветровитиот час е забележан на 6ти јули 1913та година, каде брзината на ветрот изнесувала 153км/ч. Комбинацијата на ултра силни ветрови и температура под нулата, значи дека е прилично тешко да се измери силата на ветрот предизвикана од ниско движење на воздухот.

Поддржете ја нашата работа: